Библиотека изградена под храм во Индија

Библиотека изградена под храм во Индија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Постојат библиотеки во разни облици и големини насекаде низ светот. Една што се наоѓа под храм во селото Бадарија во индиската сојузна држава Раџастан е уникатна на свој начин.



Библиотеката е една од најголемите во Азија. Во неа има околу 900.000 книги, и има капацитет за 4.000 луѓе. Згора на сè, таа се наоѓа на пет метри под земјата. Во библиотеката има книги од најразлични делови од светот кои покриваат теми од науката до историјата и астрономијата. 


Библиотеката била изградена од Харбанш Синг Нирмал, познат и како Бадарија Махараџ, за кој се вели дека ги прочитал речиси сите книги во неа. Махараџ го изградил и храмот кој се наоѓа над библиотеката. Моментално, мештаните во селото Бадарија ја одржуваат библиотеката.



Извор: hindustantimes.com
Фото: YouTube