Денес, на пригодна средба на генералниот директор на КИБС Клириншката куќа, Горан Анастасовски, со претставниците на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при УКИМ, деканот, проф. д-р Билјана Камчевска и продеканот за финансии, проф. д-р Весна Хорватовиќ, КИБС донира компјутерска опрема за потребите на Педагошкиот факултет.
Оваа донација е дел од иницијативата на КИБС да ги поддржи студентите и персоналот во напорите за постигнување значајни резултати во нивната академска работа и студии, како и да ја стимулира иновативноста во имплементацијата на образовните програми.
Со повеќе од 20 години постоење и искуство, КИБС се позиционира како куќа на доверба и сигурност, играјќи витална улога во обезбедувањето стабилност на постојната платежна инфраструктура и нудејќи други висококвалитетни доверливи и ИКТ-услуги. Паралелно на тоа, КИБС посветено работи и на поддршката и развојот на заедницата и општото добро. Во тој контекст, оваа донација ги демонстрира силната и недвосмислена поддршка за новите академски генерации и нивните ментори, како и важноста тие да учат и да работат во една модерна и иновативна средина.
Високите претставници од Педагошкиот факултет изразија посебна благодарност за донацијата со која на студентите ќе им се олесни и подобри квалитетот на образовниот процес, особено поради фактот што токму од овој факултет ќе излезат кадри кои ќе образоваат и едуцираат многу нови генерации. Тимот на КИБС продолжува со својата посветеност кон обезбедување позитивен придонес и импакт за општеството, убеден дека со ваквите и слични иницијативи се креираат нови трајни вредности и солидна подлога за развој на целата држава.
(Комерцијална објава)