Хеви-метал бендот „Металика“ ќе им подари 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации „Дајрект релиф“и „Ворлд централ кичен“ кои обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и во Сирија.
- Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во Јужна Турција и Северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целото подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, „All Within Foundation My Hands“ (нивната фондација, б.п.), „Дајрект релиф“ и „Ворлд централ кичен“ работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. „АФВМХ“ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори - соопшти „Металика“.
„Дајрект релиф“ обезбедува медицинска опрема, додека „Ворлд централ кичен“ работи на подготовка на над 125.000 оброци дневно. Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд, основана во 2017 година, за борба против гладот и поддршка на образованието и други добротворни цели низ светот.
„Металика“ редовно донира пари во добротворни цели. Секој декември одржува посебен годишен концерт наречен „Раце кои помагаат“ во Калифорнија, кој го полни буџетот на неговата хуманитарна фондација.
Извор: МИА