X
 20.06.2019 Образование

Универзитетот „Оксфорд“ доби донација од 150 милиони фунти

Американскиот бизнисмен Стивен Шварцман донирал 150 милиони фунти на еден од најдобрите универзитети, британскиот Универзитет „Оксфорд“. Средствата се наменети за проучување на етиката на вештачката интелигенција.

Стивен Шварцман, милијардер кој им бил советник на републиканските претседатели вклучувајќи го и Трамп, донирал 150 милиони фунти што ќе бидат наменети за нов факултет за хуманитарни науки.

Во време кога универзитетите се соочуваат со неизвесност околу финансирањето на истражувањата поради Брегзит, ова е голема финансиска добивка за Универзитетот „Оксфорд“.

donacija

Швацрман, главниот извршен директор на фирмата за приватен капитал „Блекстон“, е еден од најпознатите американски милијардери. Како што вели тој, парите ги дава на „Оксфорд“ затоа што вештачката интелигенција е главен проблем на нашето време.

- Во моментов, повеќето влади се сосема неподгтовени да се справат со ова. И зошто бибиле, тоа е поинаков вид на технологија. Ќе треба да се потпрат на големите универзитети како „Оксфорд“ и други, кои се специјализирани да им помогнат - изјави тој и додаде дека универзитетите треба да помогнат во изградбата на етичка рамка за промени што се случува брзо.

Некои економисти предупредуваат дека проширувањето на вештачката интелигенција би можело да има значително влијание врз општеството - вклучувајќи ја и загубата на работните места поради автоматизацијата во она што понекогаш се нарекува „четврта индустриска револуција“. И академците изразија загриженост во врска со потенцијалот за злонамерна употреба во сајбер војувањето и поткопувањето на демократијата.

Донацијата од Шварцман следува веднаш по неговата донација на Институтот за технологија во Масачусетс со која е планирано да се формира центар за компјутери и вештачка интелигенција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование