X
 20.12.2017 Култура

Кандидатите за работа ги избраа најтешките прашања од интервјуaта

rabota
Фото: Printscreen

Веб-страницата „Гласдор“ објави листа со најтешките прашања на интервјуа за работа, избрани токму од самите кандидати.

Кога се подготвувате за интервју, спремни сте да одговорите на многу прашања од областа во која имате искуство или сте се школувале. Проблем е кога ќе дојде до некое неочекувано прашање што и не е баш поврзано со работата. Понекогаш е поважно како ќе се соочите со притисокот отколку да го дадете вистинскиот одговор.

Ова се најтешките прашања на кои наишле кандидатите при интервју за работа во текот на 2017 година.

1. „Проценете колку голови ќе има во Премиер лигата“

Позиција: сметководител
Компанија: „Вакс“

„Вакс“ е компанија што произведува и продава производи за чистење (правосмукалки и слично). Компанијата бара талентирани луѓе кои можат да размислуваат. Идејата е да се види колку логично размислуваат кандидатите и како се справуваат со проблемот во реално време.

2. „Како се соочувате со лош ден?“


Позиција: консултант
Компанија: „Свич консалтинг“

Прашањето всушност открива колку кандидатите можат да се справат со голем притисок.

3. „Имате 50 црвени и 50 сини топчиња. Поделете ги како сакате во два контејнери за да добиете минимум/максимум можност за мешање на боите“.

Позиција: Оперативен аналитичар
Компанија: „Клиарватер аналитикс“

Оваа компанија произведува софтвери, а прашањето им овозможува на менаџерите да се соочат со управување со ризиците и известување.

4. „За што најмногу се каете при управувањето со вашите вработени?“


Позиција: директор
Компанија: „Регус“

Компанијата „Регус“ обезбедува привремен канцелариски простор. Компанијата ги тестира кандидатите за позицијата директор. Цени искреност, аналитички вештини и, секако, способност за управување.

5. „Тројца вработени имаат различни плати и сакаат да ја откријат просечната плата, но меѓусебно не си го кажуваат износот на заработувачката. Како ќе го направат тоа?“

Позиција: Технички доставувач
Компанија: BAE системи

Оваа компанија специјализира во безбедност и јасно е дека бара човек што има способност да размислува логички и аналитички, а исто така треба да знае и математика.

6. „Како би му го опишале терминот cloud computing на седумгодишно дете?


Позиција: Практикант
Компанија: „Мајкрософт“

Комуникацијата е важна за сите компании, а ова прашање што го поставува „Мајкрософт“ ја тестира способноста за тешки и комплицирани работи да се разложат со поедноставни поими, односно да му бидат јасни на секој. Исто така, покажува колку кандидатите се разбираат во компјутери и способноста да размислуваат логички.

7. „Имате пријател кој е одличен во својата работа и уште една личност која е добра во работата. Но пријателот ви донел 2.000 долари помалку. Кому би му ја дале работата?“

Позиција: Консултант за вработување
Компанија. „Хајс“

Ова не е лесно прашање, а потенцијалните вработени треба да го решат на самото место. Ова го одговорил кандидатот кому му било поставено прашањето: „Јас би го вработил пријателот бидејќи знам дека работата ќе ја работи посветено и нема да ме изневери. Се држев до мојот одговор и тоа ми помогна“.

8. „Како би ги опишале вашите непријатели?“

Позиција: Маркетинг продажба
Компанија: „Конде Насте“

Оваа компанија е издавач на магазинот „Вог“. Очигледно има врска со филмот „Ѓаволот носи Прада“, каде што протагонистот е суров и безмилосен.

9. „За што размислувам сега?“


Позиција: Регионален директор
Компанија: „ТЕС Глобал“

Со што и да се занимава оваа компанија, која и да е позицијата во прашање, ништо не го оправдува ова бизарно прашање.

И за крај, победникот:

10. „Што во вашата биографија е најблиску до лага?“

Позиција: Маркетинг и комуникации
Компанија: „Феникс партнершип“

Оваа компанија создава софтвер за здравствениот сектор. „Ако не кажете ништо, тогаш тоа е најблиску до лагата“, вели еден кандидат за работа на кој му било поставено прашањето. Затоа, најдобро е да кажете нешто најбезболно, бидејќи во секој случај очекуваат нешто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура