X
 09.05.2022 Живот

Искусни тренери, предавачи и гости од странство на премиерното издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид

Кампот предвидува сегментирани тренинзи за посебни групи на деца поделени по возраст и пол, индивидуални тренинзи за надградба на ракометари/ки од 13 до 16-годишна возраст, часови по пливање, едукативни предавања во дел на спортска психологија и начин на исхрана за спортисти, многу дружење и забава. Едуцирани тренери специјализирани за работа со деца од најмала возраст, тренери со највисока мастер коуч лиценца за ракометари/ки кои имаат потреба од надградба и професори по психологија и спортска медицина, нутриционисти за комплетирање на секој спортист во комплетна личност

КМГ Груп Спорт, агенцијата со големо искуство во реализација на спортски настани, овој јуни во Охрид ќе го организира премиерното издание на ракометниот камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“. Од 19 до 24 јуни, во хотелскиот комплекс „Аквалина“, на брегот на Охридското Езеро, ќе се реализира првото издание на ракометниот камп „40х20“ со учество на 75 учесници од земјата и од странство. На кампот свое учество ќе земат момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 16 години.

Кампот предвидува сегментирани тренинзи за посебни групи на деца поделени по возраст и пол, индивидуални тренинзи за надградба на ракометари/ки од 13 до 16-годишна возраст, часови по пливање, едукативни предавања во дел на спортска психологија и начин на исхрана за спортисти, многу дружење и забава.

Едуцирани тренери специјализирани за работа со деца од најмала возраст, тренери со највисока мастер коуч лиценца за ракометари/ки кои имаат потреба од надградба и професори по психологија и спортска медицина, нутриционисти за комплетирање на секој спортист во комплетна личност.

Со реализација на програмата и планот за работа, секој учесник на кампот, со поставување цели и задачи, ќе го збогати, усоврши и надгради своето ракометно знаење, на индивидуални и групни тренинзи и другите активности со кои секој учесник на кампот ќе се стекне со следните карактеристики и вредности:
- привикнување на групна работа, дисциплина, грижа за хигиена на заедничкиот простор, грижа за опремата, дисциплина при заеднички оброци;
- развивање тимска работа, пријателски однос, вреднување на меѓусебните разлики, вреднување и почитување на соиграчот и самовреднување;
- привикнување на напорна работа, на тренажен процес карактеристичен за врвни спортисти, прифаќање на победите и поразите како составен дел од спортот;
- создавање слика за моменталната состојба, вредностите и недостатоците, но и начинот на отстранување.

Организаторот на кампот, преку менаџерот на агенцијата, Горан Ѓоргоноски, склучи соработка со основачот и главниот двигател на проектот LEVEL UP, професор Кристијан Грчевски, во насока на реализација на програмата за индивидуален пристап за секој учесник на кампот, како резидент тренер на истиот. LEVEL UP e проект насочен кон индивидуален пристап и работа со млади ракометари/ки на кои им е потребна дополнителна надградба и усовршување на ракометните вештини.

Покрај Грчески, на кампот како една од основите на истиот, со младите македонски ракометари ќе работи тренерот со мастер коуч диплома, професор Никола Матлиески,тренер со исклучително богато искуство во работа со млади категории, но и тренер кој последните неколку години работи на ниво на сениорски ракомет, продолжувајќи ја својата мисија за развој на млади македонски ракометари.

На кампот покрај Грчески и Матлиески, како тренери ќе работат и професорите Јаковче Матлиески, Златко Стојковски и Благојче Весиќ, кои се вклучени во проектот „Ракомет за секое дете“, поранешните ракометни репрезентативци на Македонија, а сега во улога на тренери на најуспешните македонски колективи, Александар Јовиќ, Радослав Стојановиќ, како и тренери од странство, во името на Мартин Нихлен кој долги години е специјализиран во работата со млади категории во својата родна Шведска. Покрај тренерите, за време на кампот предвидено е да ги посетат и да се дружат со нашите кампери и неколкумина актуелни репрезентативци.

Кампот во својата програма предвидува и предавања од спортска психологија на тема комуникација и социјализација во спортот, изградба на личноста во спортот и мотивација со професор д-р Мирослав Пендаровски и здрава исхрана и здрави навики со професор д-р Ванчо Поп-Петровски.

Секој учесник на кампот, пред самото одржување, ќе биде прегледан во „Жан Митрев клиника“, што е од исклучително значење за самиот настан, имајќи го предвид значењето на здравствената заштита, но и превенција кај спортистите, особено оние најмладите.

Пријавувањето е во завршна фаза, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк https://bit.ly/3uIeLx8

Се гледаме во Охрид!

(Комерцијална објава)








Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот