Европа е дом на некои од најголемите и најсофистицирани економии во светот. Но, како земјите од регионот се споредуваат меѓу себе врз основа на продуктивноста по глава на жител?
На мапата подолу е прикажано нивото на европскиот БДП по глава на жител во 44 земји. Податоците за оваа визуализација се добиени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) преку алатката „Датамапер“, ажурирана во април 2024 година.
Фото: Visual Capitalist
Луксембург, Ирска и Швајцарија ја предводат листата со најбогати земји во Европа по БДП по глава на жител, сите над 100.000 долари.
1. Луксембург - 131.380 долари
2. Ирска - 106.060 долари
3. Швајцарија - 105.670 долари
4. Норвешка - 94.660 долари
5. Исланд - 84.590 долари
6. Данска - 68.900 долари
7. Холандија - 63.750 долари
8. Сан Марино - 59.410 долари
9. Австрија - 59.230 долари
10. Шведска - 58.530 долари
11. Белгија - 55.540 долари
За разлика од овие земји, Источна Европа како целина има многу помал БДП по глава на жител. Во таа група Украина е на последното место со 5.660 долари. За споредба, БДП по глава на жител на Украина е сличен на Иран (5.310 долари), Ел Салвадор (5.540 долари) и Гватемала (5.680 долари).
Од вкупно 44 земји, нашата земја се наоѓа на 40. место со БДП по глава на жител од 7.690 долари.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Freepik