X
 21.12.2016 Живот

Како започна бегалската криза во Европа?

Од ескалација на насилството во Блискиот Исток и Африка до некохерентна политика за азил „Дојче Веле“ анализира како ЕУ се најде во средината на бегалската криза.


бегалска криза


Бегајќи од војната и сиромаштијата

Кон крајот на 2014 година, како што војната во Сирија се приближуваше до својата четврта година и Исламската држава носеше одлуки во северниот дел на земјата, егзодусот на Сиријците се интензивираше. Во исто време другите беа во бегство од насилството и сиромаштијата во земјите како Ирак, Авганистан, Еритреа, Сомалија, Нигерија и Косово.

Барање на засолниште преку границата

Голем број на сириски бегалци се собраа во пограничниот град со кампови во соседна Турција, Либан и Јордан од 2011 година. До 2015 година, камповите беа преполни со жители кои често не можеа да најдат работа или да ги образоваат своите деца, а се повеќе и повеќе луѓе се одлучија да бараат азил подалеку.

Долго патување со пешачење


бегалци


Во 2015 година се проценува дека околу 1.5 милиони луѓе тргнаа кон своето патешествие пешки од Грција кон западна Европа преку „Балканската рута". Шенген договорот со кој се овозможува патување без пасош во поголемиот дел од ЕУ, беше доведен во прашање како што бегалците се упатија кон побогатите европски нации.

Очајни премини преку морето

Десетици илјади бегалци се впуштија на опасно патување низ Медитеранот со пренатрупани чамци. Во април 2015 година, 800 луѓе од различни националности се удавија кога брод што патувал од Либија, се превртел во близина на италијанскиот брег. Ова беше само една од многуте слични трагедии што се случуваа до крајот на оваа година, а приближно 4.000 бегалци беа пријавени дека починале во обидот да преминат.

Притисок на границите


Земјите по должината на надворешните граници на ЕУ се бореа да се справат со големиот број на доселеници. Огради беа подигнати во Унгарија, Словенија, Македонија и Австрија, законите за азил беа затегнати и неколку земји од Шенген зоната воведоа привремени гранични контроли.

Затворање на отворена врата

Критичарите на германската канцеларка Ангела Меркел тврдеа дека политиката за бегалците на „отворена врата" ја направиле ситуацијата полоша, преку поттикнувањето на повеќе луѓе да започнат со опасното патување во Европа. До септември 2016 година, Германија исто така, воведе привремени проверки на границата со Австрија.


премин на море


Постигнување на договор со Турција

Во почетокот на 2016 година, ЕУ и Турција потпишаа договор според кој бегалците кои пристигнуваат во Грција би можеле да бидат вратени во Турција. Договорот беше критикуван од групите за човекови права и се најде под затегнување по гласањето на Европскиот Парламент во ноември за замрзнување на разговорите за потенцијалното пристапување на Турција во ЕУ.

Нема разрешница на повидок


Како што анти-имигрантските чувства на Европа растат, Владите сé уште се борат да постигнат консензус за тоа како да се справат со продолжувањето на бегалската криза. Обидите да се воведат квоти за дистрибуција на бегалците од земјите-членки на ЕУ во голема мера не успеаа. Конфликтите на Блискиот Исток и на другите места не покажуваат знаци дека доаѓа до крајот, а бројот на жртвите-бегалци во обидот да го преминат морето е во пораст.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот