Луѓето имаат тенденција да се грижат за тоа како другите ги перципираат и што мислат за нив. Проблемот настанува кога вашиот живот започнува да се врти околу тоа како другите мислат за вас и кога секоја одлука што да облечете, со кој се дружите, што јадете, па дури и кој професионален пат да го изберете, ја засновате на тоа што другите ќе кажат, постојано стравувајќи дали ќе изгледате глупаво.
1. Тешко е да се ослободите од ова чувство, меѓутоа постојат некои совети како да се справите со сето тоа
Луѓето генерално не се грижат толку за вас колку што мислите - Имаме тенденција да преценуваме колку луѓето обрнуваат внимание на нас, а психолозите ова го нарекуваат „ефект на рефлектори“. Бројни експерименти покажуваат дека ја преценуваме нашата срамота, односно дека преценуваме колку луѓето обрнуваат внимание врз нас или нешто срамотно во врска со вас.
2. Кажете си себеси долга приказна
Важно е на кој начин вие го интерпретирате нечие однесување. На пример, слушате дека сите се смеат и помислувате дека ви се смеат вам бидејќи сте испаднале глупави? Или мислите дека се смеат за нешто сосема друго или пак воопшто не обрнувате внимание на тоа? Важно е колку придавате значење бидејќи другите обично не обрнуваат внимание на вас.
3. Запознајте нови луѓе, гледајте низ различна перспектива.
Експертите препорачуваат дека ако сме под силно влијание на нечие негативно мислење за нас, тогаш бараме и друга перспектива. Колку повеќе луѓе запознаваме, толку повеќе ќе сфатиме дека секој има различен поглед кон луѓето, ситуациите, вредностите. Важно е и кој ви кажува, а не само што ви кажува. На крајот на краиштата мислењето кое можете да го контролирате и кое ќе остане со вас цел живот е вашето сопствено.
4. Нека на луѓето им биде пријатно во ваше друштво
Тргнуваме секогаш од себеси и како се чувствуваме, но како знаеме дека и другите во нашето друштво не се чувствуваат несигурно? Можеби самоувереноста е маска, и затоа секогаш потрудете се на другите да им биде пријатно во ваше друштво. Бидете оној кој штити и нема да морате да се грижите што другите мислат за вас.
5. Фокусирајте се на контролата на сопствените мисли, а не на туѓите
Кога ќе поминете дури и неколку минути размислувајќи што другите мислат за вас, тоа е трошење на време и енергија. Затоа подобро е да управувате со сопствените мисли. Психотерапевтот Ејми Морин вели дека ментално силните луѓе ретко се фокусираат на она што не можат да го контролираат.
6. Не се обидувајте да ги задоволите сите
Ја знаете приказната за двајцата мажи и магарето. На почетокот и двата го јавале магарето, па еден човек им рекол дека се сурови. После тоа, еден го јавал магарето, а другиот одел напред. Друг човек на тој што го јавал му рекол дека е себичен. Тие ги промениле позициите, и тој што одел сега јавал, а тој што јавал одел. Така, другиот добил коментар дека е себичен. На крајот, и двајцата пешачеле покрај магарето, а луѓето им се смееле затоа што имале впечаток дека не знаат како да јаваат магаре. Заклучокот е дека секогаш постои некој кој ќе ве осудува, без оглед на тоа што правите.
7. Во ред е да се грижите за тоа што другите мислат, додека не се опседнувате
Никогаш не можеме да престанеме да се грижиме за тоа што другите мислат за нас, бидејќи донекаде тоа и ни го одредува животниот пат. Сепак, клучот за внатрешна слобода е да се грижите повеќе за тоа што вие мислите за себеси, отколку што другите мислат.