Меѓу Стив Џобс и Бил Гејтс имало многу разлики во однос на работата, но и во однос на начинот на комуникација со вработените и општо со луѓето. Но, од перспективата на Гејтс, што имал Џобс, а тој го нема?
Па, Гејтс верувал дека Џобс е гениј кога станува збор за „фрлање магии“.
Гејтс во едно интервју призна дека Џобс едноставно ги правел нештата како да е од друг свет.
- Бев како мал волшебник бидејќи тој ги изговараше зборовите и јас гледав како ги хипнотизира луѓето, но затоа што јас сум мал волшебник, магиите не работат кај мене - изјави Гејтс.
Значи, Гејтс зборувал за тоа дека Џобс го создал верувањето дека „Епл“ е навистина посебен и дека самиот Џобс е посебен.
Исто така, Гејтс изјави дека никогаш пред и по Џобс не видел некој со таква способност да најде талентирана личност и да ја мотивира.
Некои лидери имаат таков дух што другите ги следат. Имаат способност да ги убедат луѓето дека тие навистина прават нешто поразлично, нешто што нема лесно да се заборави. Некои луѓе велат дека Илон Маск ја има таа способност, а дека Марк Закерберг ја нема.
Можеби тоа не може да се
научи, можеби некои луѓе едноставно се родени со таа способност, а други не се.