Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2020 година изнесува 5.975.305 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (39,08%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (26,68%) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (19,07%).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Од ДЗС известуваат дека учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 65,46%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 34,54%.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 3.220.093 илјади денари, односно 53,89%.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 44,04% се наменети за инвестиции, а 55,96% се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 79,27%.
Фотографии во текстот: Државен завод за статистика
Насловна фотографија: Unsplash