Федералната влада на Германија подготвува нов закон со кој странските работници со вештини ќе може да земат државјанство по само три години живот и работа во земјата. Ова го пренесуваат германски медиуми, а мерката е дел од новата стратегија за пазар на труд на Владата.
Имено, според новата стратегија, Германија мора да биде имиграциска земја која е привлечна за странските работници со вештини. Стратегијата била претставена на самит во Берлин неделава, а претставници од власта, бизнисот и асоцијациите ја дискутирале. Меѓутоа, на самитот не била спомената опцијата за добивање германско државјанство за три години, и покрај пишувањето во медиумите, според „Шенген виза инфо“.
Фото: Pixabay
На самитот биле претставени мерки со кои Владата планира да ги намали недостатоците на пазарот на труд, меѓу кои се предвидува и модернизација на имиграцијата и намалување на емиграцијата.
Минатата седмица министерот за труд Хубертус Хајл открил план за создавање „карта за можности“ со систем заснован на поени кој ќе ѝ помогне на земјата да ги пополни празнините во пазарот на труд. Со оваа карта, која треба да биде воведена годинава, секој што исполнува три од четири услови ќе може да се пресели во Германија и да бара работа.
Условите се: поседување диплома, познавање германски јазик, претходен престој во земјата и тригодишно работно искуство. Оваа карта ќе биде достапна за сите помлади од 35 години.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay