Германија ја враќа контролата на границата со Австрија поради рекордниот број бегалци со кои се соочува Европската унија. Земјите кои се членки на ЕУ ги исфрлија проверките на пасоши во Шенген зоната, но Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мајзиер изјави дека проверките повторно ќе бидат вратени.
Германија стана главна дестиназија за бегалците, особено оние од Сирија, откако канцеларот Ангела Меркел ги олесни условите за живот на бегалците во земјата. Меѓутоа, од минатата година во Германија пристигнале 450.000 бегалци, па инфраструктурата во земјата е повредена.
Со враќањето на контролата, Берлин ќе купува време за соочување со проблемот, пренесуваат германските медиуми.