X
 10.12.2018 Наука

Конечно дешифриран механизмот на помнење

Луѓето често знаат да кажат дека мозокот им е полн. Иако мозокот буквално не се полни, неодамна истражувачите открија дека тој понекогаш ги исфрла старите мемории за да прими нови.

Истражувачите од „Скрипс рисрч“ првпат го покажаа психолошкиот механизам од кој е формиран одреден спомен и подоцна заборавен. Истражувањето, кое било спроведено во овошните мушички, ги разгледувало синаптичките промени што се случувале за време на учењето и заборавањето. Истражувачите откриле дека еден допамински неврон може да го погоди процесот на учење и заборавање.

- Веруваме дека овој систем е поставен за да ги отстрани сеќавањата што се неважни и не мора да траат долго време - вели првиот автор Џејкоб Бери, доктор на науки и соработник во Одделот за невронски мрежи на кампусот на „Скрипс рисрч“ во Флорида.

меморија

За да се проучува меморијата кај мушичките, инсектите биле условени да поврзат еден мирис со електричен шок. Откако биле истренирани, научниците забележале дека тие подоцна го избегнувале тој мирис, што потврдува дека споменот бил создаден. Со следење на активноста на невроните во мозокот пред и по процесот на условување научниците успеале да добијат  поглед на физиолошките основи на формирањето на меморијата.

Во претходните истражувања истражувачите откриле дека одредени допамингерични кругови се вклучени во создавањето и бришењето на спомените. Во сегашното истражување истражувачите користеле техника на слики за подетално да ѕирнат во процесот. Тие откриле дека кога се деградира меморијата, целуларните промени направени за време на процесот на учење се свртени наопаку од истиот допамински неврон што помогнал да се формираат промените на прво место.

Исто така, истражувачите откриле дека кога овој допамински неврон е регрутиран за да формира ново сеќавање, тој работи на деградација на постарите спомени.

- Секогаш кога ќе научите нешто ново, истовремено формирате ново сеќавање, додека потенцијално му се мешате на друго или бришете друго. Ова е важен чин на балансирање кој не дозволува да бидете преоптоварени - вели Бери.

Со децении истражувачите го проучувале процесот на учење и помнење, насочувајќи се на начинот на кој мозокот ги впива информациите и како оваа информација се претвора во стабилно сеќавање. Дури неодамна ја сфатија важноста на активното заборавање и започнаа да ги истражуваат процесите што го тераат мозокот да заборава. Истражувањето со овошните мушички го расветли и процесот на таканаречената ретроактивна пречка. Станува збор за тоа дека свежите информации пречат во присетувањето на старите.

Иако истражувањето е спроведено на овошни мушички, научниците веруваат дека може да се примени и на посложени организми, вклучувајќи ги и луѓето. Разбирањето на процесот на помнење и заборавање и потенцијалната можност за управување со овие процеси е можност за драматични последици.

Брзото заборавање би им помогнало на зависниците од дрога и заболените од посттрауматски стрес. Забавувањето на заборавањето би можело да помогне во лекувањето на деменција и други форми на губење на помнењето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука