Повеќето терапии, како хемотерапијата, радиотерапијата и имунотерапијата, имаат цел да ги напаѓаат клетките. Новата група на истражувачи поставува прашање дали наместо уништување, туморот треба да се води кон „заздравување“.
Оваа идеја е централна во работата на професорот Индранел Митра од Центарот за третман и истражување на рак во Мумбај.
Во 1986 година д-р Харолд Дворак опишал дека ракот се однесува како рана што никогаш не заздравува. Поради сличностите со хронични рани, Митра сметал дека медицината треба да истражува начини за смирување, а не само за уништување на туморите.
Неговото најново истражување, спроведено кај пациенти со глиобластом, покажува дека комбинацијата ресвератрол и бакар може да го поддржи овој процес.
Тестирање поблага стратегија
Глиобластомот е еден од најагресивните тумори на мозокот. И покрај современите терапии, просечниот животен век е само околу 15 месеци.
Во истражувањето, објавено во „Би-џеј-си рипортс“, десет пациенти добивале таблети со мали количини ресвератрол и бакар четирипати дневно во просек 11,6 дена пред операција. Друга група од десет пациенти служела како контрола.
За време на операцијата биле земени примероци од двата типа тумори, кои биле детално анализирани. Резултатите покажале силни промени во биологијата на туморот.
Драматични промени
Кај пациентите што ги земале таблетите:
- Просечните нивоа на протениот Kи-67, индикатор за тоа колку брзо клетките на глиобластимот се делат, бил за една третина понизок.
- Биомаркерите поврзани со девет „обележја на ракот“ биле присутни за 57 отсто помалку.
- Шест имунолошки контролни точки имале 41 отсто пониски нивоа.
- Три маркери поврзани со матични клетки, а кои помагаат да се шири туморот и да се намали третманот, биле 56 отсто пониски.
- Ниту еден пациент немал несакани ефекти.
Митра вели дека овие наоди укажуваат дека евтин, нетоксичен суплемент може да ја подобри глиобластомата.
Според него, клучната улога е дејството на ресвератролот и бакарот врз клеточно-слободните хроматински честички - ДНК-фрагменти што ги испуштаат опасните клетки и ја влошуваат болеста.
Претходните истражувања покажале дека комбинацијата создава кислородни радикали кои ги уништуваат овие честички.
Во новото истражување хроматинските честички биле многу присутни во примероците од нетретираните тумори, а речиси сосема отсутни во примероците од пациентите што земале суплементи.
Митра објаснува дека овие честички ги воспалуваат преживеаните клетки и ја прават болеста поагресивна, додека нивното елиминирање ја смирува болеста.
Имунолошки контролни точки
Ресвератрол-бакар таблетите го намалиле дејството на имунолошки контролни точки - исти патишта кои ги таргетираат скапите имунотерапии, но без нивните тешки несакани ефекти. Ова отвора можност за многу подостапни терапии.
Овие набљудувања сугерираат нов пристап: фокус на „заздравување“ наместо уништување на туморите.
Митра вели дека иако примерокот е мал, резултатите се толку силни што очекува да бидат потврдени во поголеми истражувања и можат да го променат начинот на кој се лекува ракот.
Извор:
Science Daily
Фото: Freepik