Според неодамнешно истражување, научниците откриле нови крвни групи наречени Ер.
Откритието нуди нови сознанија во 30-годишна мистерија кога две жени трагично ги загубиле своите бебиња. Освен тоа, треба да го зголеми знаењето за грижата која им е потребна на луѓето со оваа ретка крвна група.
Во трудот, научници од институцијата „НХС крв и трансплантација“ во Обединетото Кралство и Универзитетот во Бристол го истражувале примерокот на крв од една мајка и го споредиле со повеќе други примероци за да откријат што е она што ја прави различна крвта на оваа жена. Тие откриле крвни антигени кои не одговарале на ниту една крвна група.
Во процесот, тие потврдиле постоење на нови крвни групи наречени Ер. Истражувањето го покажува генетското потекло на три порано откриени антигени и два нови антигени.
Новите варијации се екстремно ретки и се поврзуваат со хемолитичната болест кај фетусите и новороденчињата. Болеста се развива кога имунолошкиот систем на мајката ја напаѓа крвта на нероденото дете. Авторите на истражувањето откриле дека лицата со крвна група Ер имаат различни генски варијации кои го одредуваат протеинот кој се наоѓа на површината на црвените крвни клетки.
Мал процент од луѓето имаат различни аминокиселини или други состојки во протеинот поради генетската варијација. Затоа, имунолошкиот систем на овие лица ги смета за туѓи крвните клетки со поголемо количество од протеинот.
Според истражувачите, новото истражување може да им помогне на докторите прецизно да ја идентификуваат оваа состојба додека новороденчето е во матката и да ја третираат навреме со крвна трансфузија.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay