X
 23.05.2022 Живот

Се откажал од факултетот и на 25 години стана најмладиот милијардер на светот

Остин Расел е еден од најмладите милијардери во светот кој своето богатство го направил преку сопствената напорна работа и генијалност.

Денес 27-годишниот Остин се наоѓа на престижната листа на „Форбс“ наречена „40 под 40“ благодарение на фактот што го започна својот стартап во автомобилската индустрија откако се откажа од факултетот.

Како 17-годишен студент по физика на престижниот Универзитет „Стенфорд“, Остин ја основал својата старт-ап компанија „Луминар“. Не му требало долго време за да привлече внимание во светот на технологијата.

Како тинејџер тој поминал многу време истражувајќи ја технолошката индустрија на Институтот „Ирвин Бекам Ласе“ на Универзитетот во Калифорнија, кога бил забележан од коосновачот на „Пејпал“, Питер Тиел, кој му понудил стипендија од 1.000 американски долари за да започне бизнис, што излегло дека е полн погодок со оглед на тоа што богатството на Остин денес се проценува на 2,4 милијарди долари.

На факултет Остин ја развил идејата за автомобилска сензорна технологија што на крајот стана клучна за пробивот на неговиот стартап „Луминар технолоџис“. Неговата компанија произведува хардверска и софтверска технологија на автомобилски лидари за детекција на светлина и опсег што користи ласери за откривање и мерење на растојанија и на крајот создава 3Д мапа на вистинската средина што може да се користи самостојно.

- Кога те води незапирлива сила за да градиш и создаваш, тешко е тоа да го направиш во академската средина на универзитетот - изјави еднаш Остин за својата кратка студентска кариера на „Стенфорд“.

Неговата компанија се натпреварува со најголемите производители на ласерски лидари кои произведуваат високотехнолошки сензори кои им помагаат на самоуправувачките возила да ја „видат“ својата околина.
Неговите лидарски сензори ги користат водечките лидери во автомобилската индустрија како што се „Волво“, „Тојота“, а потпиша и договор со „Мерцедес бенц“.

Ја собори Кајли Џенер

Иако ја основа компанијата во 2012 година, му биле потребни неколку години за да стане милијардер. Во декември 2020 година, Остин стана најмладиот милијардер во светот кој самостојно создаде своја кариера на 25-годишна возраст.

Со овој успех тој успеа да ја симне од тронот Кајли Џенер, која дотогаш беше најмладата милијардерка во светот, збогатувајќи се во козметичката индустрија.

Според „Волстрит журнал“, акциите на компанијата на Остин пораснале за речиси 28 отсто, што на компанијата ѝ дале пазарна вредност од околу 7,8 милијарди долари.

Извор: Studomat.ba
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот