X
 05.02.2016 Живот

Проблемот на Швајцарија

Продажбата на швајцарски часовници минатата година доживеа падн, а се чини дека и оваа година ќе биде слично.

 

саат


Произведувачите велат дека и богаташтите денес купуваат еден наместо два часовници, а голем проблем им претставуваат паметните часовници, кинескиот пазар, падот на швајцарскиот франк и терористичките напади во Париз, кадешто претходно продавале голем број од своите производи.

„Очекуваме и оваа година да биде доста тешка. Едно од нашите клучни продажни места е Париз, а од терористичкиот напад па се` до денес не е продаден ниту еден часовник од нашиот бренд“, вели Винсент Периард, извршен директор на куќата „HYT“. На пазарот на часовници влијаела и одлуката на Швајцарската народна банка, па сега швајцарскиот франк скоро го достигна курсот на еврото поради што поскапе производството на часовници.

„Богатите луѓе наместо два купуваат еден часовник“, вели Марк Гаудераулт, претседател на компанијата „Permigiani Fleurier“, чија просечна цена за еден часовник изнесува и 30.000 швајцарски франци. „Часовниците од Apple, паметните часовници, часовниците на Google, имаат цена од под 500 долари. Кога тоа ќе се земе во предвид, вредноста на оние кои произведуваат квалитетни часовници е нула“, вели Џером Ламберт, претседател на компанијата „Montblanc“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот