X
 09.02.2022 Забава

Направил серија од фотошопирани слики од својот татко во познати филмски сцени

Дали можеме да ги замислиме нашите родители како познати личности и актери во познати филмови? Мет Бонито го направил токму тоа со неговата серија слики на кои е прикажан неговиот татко, Дом Бонито, фотошопиран во култни филмски сцени и познати уметнички дела и фотографии.

Мет го ставил неговиот татко во сцени од доста познати филмови. Така, Дом Бонито е заедно со Семјуел Л. Џексон и Џон Траволта во „Евтини приказни“, а го гледаме и како замена на Роуз во „Титаник“. Дом е и главен лик во многу слики; тој го зазеде местото на личноста од сликата „Врисок“ на уметникот Едварду Муник и е еден од момците што играат покер во сликата на Касиус Марселус Кулиџ.

На секоја слика Мет го приспособува изгледот на својот татко. Но, има некои работи што секогаш остануваат исти, па неговиот татко постојано ги носи истиот елек и истата капа, додавајќи малку хумор на секоја слика.

Омилениот дел на Мет од неговиот тековен проект е тоа што му овозможува да поминува повеќе време со својот татко.

- Поминуваме часови седејќи и смеејќи се, додека доаѓаме до идеи, и никогаш не е лошо да се има изговор да се дружиме. Јас едноставно ја сакам креативноста на сето тоа. Не функционира сè што се обидуваме, но едноставно ми се допаѓа апсурдноста да ставам старец во смешна облека во многу сериозни сцени - вели Мет Бонито.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава