X
 17.11.2018 Технологија

„Гугл“ ќе овозможи директен чат со компании во „Мапс“

„Гугл“ стартува нова функција „Гугл Мапс“, која ќе овозможи чат со компании и институции, пишува „Врџ“.

Откако новата функција ќе биде пуштена во употреба, кај корисниците на iOS и Андроид ќе се појави ново копче за испраќање пораки, кое ќе овозможи комуникација со различни организации, што може да се најдат во апликацијата.

Компаниите, кои сакаат да се вклучат, ќе треба да го користат системот „Мај Бизнис“ на „Гугл“ за да можат да ја употребуваат апликација за испраќање и примање пораки. Апликацијата неодамна била надградена за подобро да му служи на бизнисот.

Интеграцијата на бизнис-разговори во „Гугл Мапс“ од една страна може да не им се допадна на потрошувачите, бидејќи мапите почнуваат да се оптоваруваат со нови функции.

Од друга страна, тоа може да биде корисен потег за компаниите, бидејќи може подобро да се поврзат со корпорациите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија