X
 10.01.2020 Живот

Лани биле украдени криптовалути во вредност од околу 300 милиони долари

Во дванаесет големи хакерски напади врз берзите за трговија со дигитални валути минатата година беа украдени криптовалути во вредност од над 292 милиони долари.

Само во еден напад врз сингапурскиот „КоинБене“, кој се случи минатиот март, се украдени криптовалути чија вредност се проценува на околу 105 милиони долари.

Во текот на 2019 година 11 напади резултирале со кражба на имот, додека во еден напад врз израелската страница Коинмама беа украдени 510.000 кориснички податоци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот