X
 10.01.2021 Наша тема

Што истражувавме неделава? Краток преглед на темите

Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:

- „Преживеавме“, „Не се лутиме на препишувањата, битно беше да чуеме абер од учениците“, „Колку научивме и што сѐ изгубивме“... Наставници и педагози за лекциите од 2020: Сите сме свесни за тоа колку нѐ исфрустрира 2020 година. Нѐ затвори во домовите, нѐ оддели од блиските, заштитата од коронавирусот значеше купишта нови правила, протоколи... Учениците и професорите ги стави пред екраните, од каде што беа принудени да продолжат да учат, наместо од училницата.Каква лекција беше годинава?

- Да ми кажеше некој дека празнициве ќе ги поминам со кифлички и руска дома, немаше да му верувам. Психолозите до младите: „Истрајте, ќе помине!“: Пандемијата не им даде поголема слобода на тинејџерите ни во уживањето на новогодишните празници. Голем дел од нив мораа да го откажат празнувањето поради строгите мерки за заштита од коронавирусот, личниот страв од болеста и сопствената свесност.

- Наставниците збунети по повикот за менторство. Еве што ќе работат менторите: Во интерес е тој наставник-ментор да е најквалитетниот бидејќи тој ќе биде ментор не само на приправниците, туку на сите наставници во училиштето. Наставникот ќе биде ментор сè додека не премине на следно ниво, а тоа е наставник-советник, кога платата уште повеќе се зголемува, тврдат надлежните

- Бадниково гранче за здравје, богата трпеза за богат род, паричка за среќа... Што значат обичаите за Бадник и Божиќ? Од каде потекнуваат овие народни обичаи, за кои црквата честопати вели дека немаат верски карактер и дека се дел од паганската традиција на празнувања меѓу народот. Како тие верувања и празнувања останале вкоренети до денес...

- Оцена дадоа универзитетски професори: Што нѐ научи пандемиската образовна година? Да се сака животот, да се вреднуваат семејството и пријателствата и да се инвестира во науката и развојот на технологиите, но најмногу од сѐ, да се чува јавното здравје, се генералните неколку работи на кои, според универзитетските професори, базично нѐ научи пандемиската 2020 година.

- Д-р Јадранка Видак е меѓу првите Македонци што се вакцинираа против Ковид-19 во Англија. Ни го раскажа искуството: Видак се вакцинирала пред неколку дена токму во болницата во која работи веќе 18 години. Впечатоците од целиот процес ги сподели за Факултети.мк. Освен очекуваната болка во рамото, засега нема никакви други реакции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема