X
 17.07.2015 Наука

Неуредноста и креативноста се тесно поврзани меѓу себе

неуреден

 

Научниците тврдат дека неуредноста и креативноста се тесно поврзани. Се чини дека несредената маса, соба или студио може да биде знак за голема креативност.


Масата на Алберт Ајнштајн изгледала како да некоја „лута бивша девојка“ му го растурила неговото работно место.

Ајнштајн одговорил на критиките на неговите работни навики со прашањето: „Ако пренатрупаната маса е знак за пренатрупан ум, тогаш што треба да мислиме за празната маса?“

Марк Твејн исто така имал несредено биро, кое веројатно било понеуредно од она на Ајнштајн. За да откријат дали неуреденоста е поврзана со креативноста или тоа е само урбана легенда, Кејтлин Вус, научник од школата за менаџмент Карлсон на Универзитетот во Минесота, со своите колеги спроведе неколку експерименти во средени и несредени простории со 188 возрасни.

Со нејзиното откритие таа одлучила дека несреденоста и креативноста се силно поврзани и дека, иако чистењето има одредена корист, чистиот простор може да биде поконвенционален за инспирација.

Џо Риден, професор по маркетинг на школата за менаџмент на истиот факултет, ги објаснува интересните резултати од истражувањето.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука