Учењето нова вештина не зависи многу од времетраењето на вежбањето, туку начинот на вежбање. Клучот е да се менува вежбањето, што го подобрува учењето во мозокот.
Со менувањето на рутината, може да го намалите времето за добивање вештина двојно, покажува ново истражување. Добивањето нови моторни вештини бара повторување, но тоа е многу поефективно доколку е разновидно.
Ново истражување од „Џонс Хопкинс“ се занимава со ова. Посебно се посочува кон процесот во кој постоечките запомнети факти се повторуваат и менуваат со ново знаење. Истражувањето покажува дека овој процес е клуч за учење моторни вештини, а за него претходно не се знаело многу.
- Она што откривме е дека ако вежбате малку променета верзија од задачата која сакате да ја усовршите може да научите повеќе и побргу отколку доколку само ги повторувате истите работи повеќепати - вели истражувач кој работел на
истражувањето.
Сепак, се додава дека треба да се внимава и на воведувањето разлики. Доколку променетата задача е премногу различна, ефектот не се постигнува. Промената треба да биде суптилна.