X
 15.07.2021 Наука

Фасцинантна анимација го прикажува гравитационото повлекување на планетите во нашиот Сончев Систем

Д-р Џејмс Одонахју, планетарен астроном од ЈАХА (Јапонска агенција за вселенско истражување), кој претходно создаде брилијантна анимација во однос на брзината на ротирање и аксијалните наклони на планетите во нашиот Сончев Систем, сега направи слична анимација во која е прикажано исфрлување на топка од 1.000 метри до површината на секоја планета, како и Сонцето, Месечината, Церес и Плутон.

Целта на неговата анимација е да ги демонстрира различните гравитациони повлекувања. Овие повлекувања укажуваат на густината на различните тела во нашиот Сончев Систем и покрај нивната огромна разлика во големината.

Можеби е изненадувачки да се види дека големи планети имаат гравитационо повлекување слично на помалите. На пример, Уран има гравитационо повлекување што ја влече топката побавно отколку Земјата. Зошто? Затоа што ниската просечна густина на Уран ја става површината далеку од поголемиот дел од масата.

Слично на тоа, Марс е речиси двојно поголем од Меркур, но може да се види дека гравитацијата на површината е всушност иста и тоа покажува дека Меркур е погуст од Марс.

Извор: Laughingsquid.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука