Почнува пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот Лазаров, а интересот секоја година расте
„Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени...“ Со овие зборови капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист Кирил Лазаров и КМГ Спорт, агенцијата која стои како логистичка поддршка на настанот, го најавуваат (
http://bit.ly/2SeEQAt) шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, кој од 19 јуни до 1 јули ќе се одржува во прекрасниот Охрид. Камп што ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек, нашата гордост - Кирил Лазаров.
Изминатите пет години на кампот „Кирил Лазаров 7“ поминаа повеќе од 1.400 учесници, голем дел од Македонија, но и ракометари од цела Европа. Интересот за овој настан за млади категории кај децата што се на самиот старт со ракометната „азбука“, но и оние што повеќе години тренираат ракомет постојано расте. Насмевката на нивните лица и задоволството на нивните родители се најголема награда за организаторот и потврда дека работите се одвиваат во вистинска правец, на задоволство на сите, не заборавајќи дека секогаш може подобро.
Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени почнувајќи од 19 јуни до 1 јули 2020 година. Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт“, информира дека покрај седум дена тренинг со капитенот, тренери и гости од нашата земја и од странство, за секое дете од Македонија учесник на кампот има обезбедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев“, комплет опрема од врвен производител, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.
Кампот е еден вид база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бонтон, градење на индивидуата за доброто на колективот). Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македонски и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата, сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, здравствена заштита и нега, едукативни предавања на теми кои им се неопходни во овој период на нивниот живот, дружење и многу забава.
Се гледаме во Охрид!
(Комерцијална објава)