Една компанија има уникатен став за работењето од канцеларија. Вработените во оваа компанија не работат од нивниот дом, туку од дом-канцеларија.
Како што сподели една тик-ток корисничка, нејзиниот шеф го трансформирал седиштето на компанијата така што на сите им изградил мали домови за да служат како индивидуални канцеларии. Нема одење по ходникот, туку одење по тротоар и тропање на влезната врата од нечиј „дом“.
Првото видео на Кајли од поставувањето на канцеларијата воодушеви милиони луѓе кои сакаа да ја „прошетаат“ целата населба. Со дозвола на нејзиниот шеф, Кајли сподели како изгледа остатокот од надворешните домови, како и целокупната надворешна и внатрешна средина.
Кајли работи за компанија за управување со имот во Мисури и си ја сака својата работа. Таа вели дека секоја од куќите-канцеларии е изградена имајќи го предвид вработениот.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Tik-tok