X
 24.08.2018 Образование

Еве како децата во Јапонија ќе учат англиски јазик на училиште



Роботи што зборуваат англиски јазик од идната година ќе им се делат на јапонските ученици, но и на нивните наставници како помош во унапредувањето на нивните познавања на овој јазик.

Не е тајна дека Јапонците се слаби во усниот и писмениот англиски јазик, па министерството за образование планира да спроведе пилот-проект вреден 250 милиони јени (околу 2 милиона евра) за решавање на овој проблем.


Роботи и Јапонец
(Фото: Reuters / Thomas Peter)


„Роботите со вештачка интелигенција кои веќе се на пазарот имаат разни функции. На пример, можат да го проверат изговорот на англиските зборови кај учениците, што понекогаш им е тешко и на наставниците“, изјави неименуван функционер од јапонското министерство за образование за АФП.

Јапонските училишта традиционално имаат проблеми со наоѓањето квалификувани наставници по англиски јазик.

Но роботите нема да бидат единствената мерка, на пример, учениците ќе добиваат и апликации за таблети и мобилни телефони со лекции од изворни говорители на англиски јазик.

Со пилот-проектот ќе бидат опфатени околу петстотини ученици.

За две години Јапонија ќе почне да применува нов курикулум кој ќе бара учењето на англискиот јазик да почнува на 10-годишна возраст.

Според постојниот, англискиот јазик е задолжителен за учениците од 12 до 15-годишна возраст.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование