X
 14.02.2024 Наша тема

Универзитетот во Нова Горица, Словенија: Развијте ги вашите таленти - овде започнете со вашата потрага по знаење

Универзитетот во Нова Горица е интернационално ориентиран и динамичен универзитет кој се наоѓа во Западна Словенија, на границата со Италија. Тој е особено познат по својот индивидуален пристап кон студентите и практично ориентираните студии, што гарантира одлични можности за вработување за секој студент.

Основан е во 1995 година и се состои од седум факултети кои нудат 7 додипломски, 9 магистерски и 8 докторски студиски програми кои ги покриваат природните науки, инженерството, менаџментот, биотехничките науки, хуманитарните науки и уметноста. Додипломските студиски програми траат 3 години, магистерските 2 години, а докторските 4 години. Секоја од нив е ECTS-акредитирана.



Висококвалитетни студии и индивидуален пристап

Главната предност на студирањето на нашиот универзитет е дефинитивно индивидуалниот пристап кон нашите студенти. Универзитетот е релативно мал и студирањето се одвива во мали групи - студентот никогаш не е „само број“. Поволниот броен однос професор – студент (приближно 1:4) овозможува професорите да ги запознаат сите свои студенти, да го следат нивниот напредок и да ги насочат кон вклучување во активности кои придонесуваат за развивање на нивните таленти.

Практично ориентираните студии се уште една причина за голем број млади потенцијални студенти од Словенија и странство да го изберат нашиот универзитет. Повеќето од нашите студиски програми, исто така и на ниво на додипломски студии, имаат практични стажирања, работа на проекти, работа на терен и др., преку кои студентите се стекнуваат со искуство, разни дополнителни меки вештини, како и со контакти со потенцијални работодавци.



Универзитетот во Нова Горица е особено познат по своите најсовремени истражувачки достигнувања и нашата современа опрема за истражување им е достапна на студентите кои сакаат да се вклучат во светот на науката и да го искористат максимумот од своите студии. Исто така, голема предност е тоа што сите истражувачки центри и лаборатории на универзитетот се наоѓаат во објектите на самите факултети, па така сите лабораториски вежби кои се дел од студиските програми се одвиваат овде. Студентите се учени од реномирани научници кои доаѓаат од целиот свет и можат да се вклучуваат во интересни проекти, исто така, со партнерите на универзитетот – познати меѓународни научни соработувања.

Една од најинтересните можности за студентите да ја користат истражувачката опрема е да учествуваат во некомерцијалниот едукативен астрофизички проект GoChile (https://gochile.si/). Преку овој проект студентите можат да учествуваат во бесплатни астрономски набљудувања на небото со далечинско управување со роботскиот телескоп GoChile во Чиле, Јужна Америка, кој таму беше инсталиран од Универзитетот во Нова Горица и соработничкото астрономско списание „Спика“.

Можност за бесплатни студии и други предности на студирањето на Универзитетот во Нова Горица

Како резултат на меѓудржавните договори помеѓу Северна Македонија и Словенија, македонските државјани се ослободени од плаќање школарина за редовни додипломски и магистерски студиски програми кои се кофинансирани од државата. Единствениот трошок е таканаречениот уписен трошок од 15 евра по академска година, кој ги покрива административните трошоци, како што е издавање студентска картичка за идентификација и друго.

За упис не се потребни приемни испити, критериумите за запишување на додипломски студии се засноваат на општото достигнување од матурата/завршниот испит од средното образование, како и просечната оценка од трета и четврта година. Само кандидатите за Академија за уметности треба да го положат таканаречениот тест за способност, но тоа може да го направат преку интернет (CV, портфолио, интервју). Од кандидатите не се бара да имаат претходно знаење на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено, а достапен е и бесплатен курс за словенечки јазик како изборен предмет на многу студиски програми.

Освен тоа, Фондацијата на Универзитетот во Нова Горица секоја година на своите студенти им нуди разновидни стипендии – стипендии за талентирани студенти, стипендии за одбрани магистерски студии и стипендии за студенти спортисти. Нашиот универзитет е всушност познат во Словенија и во странство како исклучително спортски пријателски универзитет, бидејќи на спортистите им нуди специјално приспособени студиски режими и формален статус на студент спортист, што им овозможува да ги комбинираат своите спортски кариери и студии, па дури и да аплицираат за стипендии.

Друга предност на нашиот универзитет е и фактот што студентите можат да одат на меѓународни размени во странство за студирање или за пракса, што е одличен начин на стекнување дополнително знаење, интернационално искуство и нови пријателства.

Меѓународните студенти не треба да се грижат за нивните првични вештини по словенечки јазик – на нашиот универзитет од кандидатите не се бара да имаат претходно знаење на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено. Новиот Јазичен центар на универзитетот нуди бесплатни курсеви по словенечки јазик за нив и програма Leto+/Year+ за интензивно учење словенечки јазик.

Други бенефиции за студентите се: пристапни цени за сместување во нашиот регион, студентски оброци кофинансирани од државата, други студентски попусти, можности за студентска работа и великодушноста на општината Нова Горица во обезбедување бесплатен локален градски превоз за сите – нашиот регион привлекува сè повеќе и повеќе странски студенти да студираат овде.



Како да аплицирате?

Постапката за аплицирање е лесна и кандидатите се пријавуваат преку интернет, преку националниот онлајн систем за аплицирање, наречен eVŠ. Во роковите за аплицирање тие треба да го пополнат формуларот за аплицирање преку интернет, а сите потребни документи да ги достават подоцна. Линкот до формуларот за аплицирање eVŠ може да се најде и на веб-страницата на Универзитетот, а нашата студентска канцеларија (studentska.pisarna@ung.si), доколку е потребно, може да им помогне на кандидатите да го пополнат. Со оглед на тоа штo целата процедура за аплицирање е лесна за спроведување и бидејќи формуларите се достапни на англиски јазик, на кандидатите не им е потребна надворешна помош од агенции кои се плаќаат.

Универзитетот во Нова Горица има три повици за аплицирање за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, плус последниот повик за пополнување слободни места. Првиот повик за запишување во академската 2024/2025 година ќе биде отворен од 20 февруари до 20 март 2024 година, вториот од 1 април до 1 јули 2024 година, третиот од 1 август до 1 септември 2024 година и последниот повик за пополнување на слободни места од 10 до 25 септември 2024 година. Новина во запишувањето во академската 2024/2025 година е тоа што ќе имаме одбран број на места резервирани специјално за кандидати од регионот на Западен Балкан (земјите со кои Словенија има договори за ослободување од плаќање школарина).

За запишување во академската 2024/2025 година, имаме 10 % места на располагање за редовни студенти од земји кои не се дел од Европската Унија (во зависност од студиската програма). Но доколку има слободни места во ЕУ-квотите, студентите од земји кои не се членки на ЕУ, можат да ги преземат и тие места.

Покана до сите потенцијални студенти од Северна Македонија

Висококвалитетните студии, индивидуалниот пристап кон студентите и уникатната локација на универзитетот – покрај културно богатата гранична линија помеѓу Словенија и Италија, ги привлекуваат студентите да студираат овде. Мило ни е што македонските студенти уживаат во својот период на студирање во Нова Горица и дефинитивно за нас е достигнување да слушнеме од работодавците на нашите дипломци кои нашле работни места во нивните родни земји дека ги имаат сите потребни знаења и вештини и дека на тој начин можат да придонесат и за развој на нивната татковина. Така, би сакале да поканиме уште повеќе потенцијални студенти од Северна Македонија да ни се придружат и да ги развијат своите силни страни и таленти во нашиот студентско-пријателски универзитет.

Последно, но не и најмалку важно, Словенија е исто така една од најбезбедните и најчистите земји во светот, со високи стандарди на социјална и студентска благосостојба, во што студентите можат да уживаат.
Топло добредојде до потенцијалните студенти исто така и на онлајн информативните денови кои ќе бидат организирани од 16 до 17 февруари 2024 година – целосната програма на настани можете да ја најдете на: https://www.ung.si/en/education/.
Вероника Пичинини

Студентски сведоштва:


Јас сум Магдалина Михајловска од Скопје, Македонија, и моментално сум студент на Факултетот за виноградарство и винарство при Универзитетот во Нова Горица. Овој факултет е единствен од својот вид во Словенија, а во меѓувреме е и најдобар на Балканот. Пристапот на професорите е одличен, а поради малата бројка на запишани студенти, имаме многу големи привилегии во однос на посветеноста на професорите кон нас, студентите, како и целокупната интеракција и комуникација. Во изборот на факултет, за мене клучна улога имаше тоа што оваа студиска група опфаќа многу практична работа - нешто што според мене е многу важно не само за успех во студирањето, туку и во совладување на целокупната материја што се изучува. Од друга страна, предноста кај овој Универзитет е и можноста за учество во Еразмус+ програмата за размени во неколку сродни факултети во Европа и пошироко. Доколку сакате да студирате во европска земја, со програма и процеси кои гарантираат просперитет и ќе ви ги отворат вратите за постигнување повисоки цели, доколку сакате да студирате меѓу луѓе кои меѓусебно се охрабруваат и се стремат кон поголеми успеси, професори кои целото внимание ви го посветуваат со цел да ви помогнат и олеснат, тогаш ова е Универзитетот за вас. Јас сум задоволна, а сигурна сум дека ќе бидете и вие.

Магдалина Михајловска, додипломски студент на Факултетот за виноградарство и винарство, Универзитет во Нова Горица


Магдалина Михајловска
Фото: архива на Магдалина М.


Јас сум Гордан Стефанов од Кочани и во моментот сум студент на Факултетот за хуманистика, на насоката Културна историја, при Универзитетот во Нова Горица. Овој факултет е автентичен и единствен од својот тип во Словенија, па и пошироко. Една од многуте убавини на овој факултет е пристапот кој го имаат професорите со студентите. Професорите би направиле сѐ за да го разберете материјалот и тоа што го објаснуваат. Овој коментар стриктно го базирам на фактот што има помалку ученици и си во контакт, многу подиректен контакт, со професорите отколку што би бил во поголеми факултети каде што едноставно, но многу сурово, би биле индекс бројче. Клучното нешто што ме натера, ме привлече кон овој факултет беше тоа што се наоѓа на мирно место и можете да уживате во мирот додека учите и да се сконцентрирате на тоа што го следите. Еразмус+ програмата е навистина на ниво. Можете да ги подобрите своите знаења над веќе постојните високи стандарди. Доколку сте заинтересирани да просперирате и по студирањето вратите да ви се ширум отворени од страна на светот, ова е вистинскиот факултет за вас, нема да погрешите.

Гордан Стефанов, додипломски студент на Културна историја, Факултетот за хуманистика, Универзитет во Нова Горица



Гордан Стефанов
Фото: архива на Гордан С.


Пренесувањето на знаењето во пракса е од клучна важност. Студентите на Лозарство и енологија за време на теренската работа на лозјата на универзитетот.
Фото: Архиви од Факултетот за Лозарство и винарство


Еден од универзитетските кампуси – замокот Лантиери во Випава.
Фото: Миха Годец




Телескопот GoChile, лоциран во Чиле, Јужна Америка
Фото: Архива на GoChile


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема