X
 18.01.2017 Здравје

Американски стартап со луда идеја за подмладување на луѓето

Американскиот стартап „Амброзијa“, спроведува клиничко испитување кое има за цел да открие што се случува кога во вените на возрасни лица се вбризгува крв од млади луѓе.

Но, Кармазин кој има диплома, но не и лиценца за да се занимава со медицина, не работи со вообичаена трансфузија. Неговиот стартап сака трансфузијата да ја користи како метод за борба против стареењето. Како студент по медицина на Стенфорд и стажант на Националниот институт за стареење, тој се изнагледал стотици трансфузии на крв.

„Некои пациенти добиваа крв од стари лица, а некои од млади. Подвлеков некои статистички податоци за тоа како се опоравуваа и едните и другите, а резултатите се неверојатни. Помислив дека и самиот сакам да примам терапија со крв од младо лице“, вели Кармазин.

Засега не постојат никакви докази дека трансфузиите се поврзани со некаков здравствен бенефит кај луѓето. Истражувањето на Кармазин има за цел да пронајде докази кои би ја насочиле медицината во таа насока.

Но, во медицинската заедница постојат и такви кои не го споделуваат неговиот ентузијазам околу сето ова. „Не постојат никакви клинички докази дека тоа е здравствено корисно. Всушност се работи за злоупотреба на довербата на луѓето и возбудување на јавноста за таквата постапка“, вели невронаучникот од Стенфорд, Тони Вис-Корај.

Луѓето кои сакаат да учествуваат ќе мораат да платат за тоа. И тоа не евтино. Процедурата во која испитаникот би примил 1,5 литар плазма од донор на возраст од 16 до 25 години, би чинела околу 8.000 долари.

Кармазин досега постапката ја извел на 30 испитаници и вели дека тие веќе ги чувствуваат придобивките  како поголема способност за концентрација и „поубав изглед“. Дури и навистина да почувствувале некакво подобрување, сè би можело да се сведе на плацебо ефект.

Самото одење во скапа лабораторија и плаќањето за учество во наводно револуционерно истражување од кое би требало да се чувствуваат многу подобро, можеби е сосема доволно некои луѓе да се уверат дека навистина чувствуваат подобрување. Но, Кармазин сè уште е оптимист. „Навистина сум задоволен со досегашните резултати.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје