X
 10.05.2017 Живот

Достоевски: Алгоритамот на умот на една кукавица

Кога кукавицата ќе погледне низ прозорот не го гледа светот. Не го гледа дрвото, ниту градината, ниту облакот. Го гледа исклучиво својот одраз, кој одамна е заразен со страв. Прозорот е огледалото.

Зошто покрај огромната збрка на мисли, состојби и однесувања, низ кои проаѓа Наратот Кротке, фантастичната приказна на Фјодор достоевски, го зема за почетна точка на анализата баш неговиот страв? Дали со стравот е можно да се оправдаат сите стекнати навики во однесувањето и ритуалите на правдање пред своето алтер его и замислените „Тие“?

Одговорот во денешното сфаќање на анализата би се сместил во групата субјективни и веројатно би се оспорил со наједноставните прашања кои се насочени кон објективната, логична дисекција. Сето тоа може да се занемари, бидејќи секогаш ќе постојат очи кои ќе речат дека овој расказ има 50 страници, а постојат и оние кои ги гледаат световите во текот на мислите, кои таму продреле само со помош на верувањата во драматичната психоанализа на Фјодор Достоевски. Но, време е за приказна, фантастична приказна.

„Замислете маж чија жена, самоубиец, лежи сега на маса, бидејќи пред неколку часа се фрлила од прозор. Збунет, тој уште не успеал да ги прибере своите мисли. Оди низ собите и се обидува да му даде смисла на она што се случило. Осбен тоа, тој е и хипохондрик, од оние кои разговараат со самите себе. И сега разговара со самиот себе“.

Достоевки овој расказ го сметал за фантастичен заради начинот на кој го напишал. Расказот е инспириран од вистинска вест за самоубиство на жена заради односот со мажот, а самиот стил на пишување на психолошкиот ред е сличен на делото на Викор Иго – „Последниот ден на осудениот на смрт“.

За нараторот знаеме дека има 41 година и е сопственик на хипотекарна институција. Кога го започнува разговорот филмот почнува од почеток, кога Кротка, 16-годишна, почнала да дава под хипотека безвредни работи во неговата институција. Го раскажува дотогашниот живот и ја споменува клучната точка заради која почетниот момент на неговата анализа е кукавичлукот и стравот. Кога служел во војска, заради помал инцидент бил предизвикан на двобој, но одбил и дал оставка, односно со одлука на офицерот бил истеран. Тогаш се раѓа неговиот хроничен ментален проблем, внатрешен судир на кукавица која непрестано се движи во истите кругови и тоне во се поголем егоцентризам, самотија и отуѓеност.

Основниот проблем на неговиот ум е што со својата интроспекција непрестано се обидува нешто да реши.

Нема сомнение дека се работи за интелигентен човек, бидејќи неговите забелешки се фотографски детални и секогаш логички оправдани, но баш таа потреба да слуша гласови во својата глава станува деструктивна потреба да го разреши она што не се разрешува со разум.

Системот на мисли започнува од длабоко порекнување дека навистина се исплашил и немал храброст да излезе на двобој. Уште на самиот почеток оди во погрешна насока, бидејќи никогаш не признава што навистина го мачи – дека е кукавица.

Овој расказ може да се чита хронолошки, но може да се чита и со внимание насочено на начинот на кој нараторот говори, поврзува мисли и сеќавања и така се гледа на еден портрет кој се претворил во сенка на стравот. Инстроспекцијата и расудувањето се само привид, бидејќи неговото самокритикување е секогаш пукање во празно. Како некој кој ја изгубил честа, на овој начин тој во мали дози чувствува надмоќ, за повторно да се потврди себеси и сликата за себеси.

Бескрајниот алгоритам на умот ретко кога забавува, бидејќи е во служба на самозадоволување. Мислите се доволни на самите себе. Не постои разлика помеѓу неговото размислување пред самоубиството и потоа. Сега го мачи само нов проблем, повеќе не размислува дали е кукавица и како другите се однесувале кон него, туку зошто таа се убива. Принципот е ист и е лесно да се воочи насоката на неговите мисли кои од време на време се повторуваат и предизвикуваат иста реакција. Тој е свесен за тоа, но грешката која продолжува да ја прави е тоа што размислува за нив.

Неговите решенија се 0 или 1, помеѓу не постои, бидејќи за тоа помеѓу треба да се биде храбар. Зошто Кротка се убила? Бидејчи ни говори нараторот, ние сме во опасност да заборавиме дека е тоа став на еден егоцентри и дека се што тој мисли е всушност поврзано со него и може да биде само плод на негова вообразеност. На основата на нејзината историја и нејзините реакции на неговото однесување, можеме да заклучиме дека таа и немала многу избори, можела да побегне и да умре од глад и беда, а можела и да се спротивстави, но дали некој од чиста природа може да се спротивстави и да биде лут? Можела и да почека во тишината која и ја приредил Нараторот и полека и болно да венее.

Грлото на Кротка било исечено до сладок невидлив нож. Умрела бидејќи не умеела да носи маски, бидејќи не знаела да соѕида ѕид откако својата глава ја удрила од околниот. Умрела од внатрешен потрес.

„Додека е таа овде, се е уште добро, но кога утре ќе ја однесат, што ќе правам сам? Заради што умре оваа жена? Зошто? Се исплашила дека нема да може да го одржи ветувањето. Јасно е. Јасно? Не. Не, лажам. Не е тоа. Не сакала да ме лаже со половина или уште помалку љубов. Честито. Тоа е. Да дојдев 5 минути порано. Доцна.

Колкуе мала во сандукот. И како само паднала. Никаде не се повредила. Само малку крв, како за шолја чај. Внатрешен потрес. Чудна мисла. Кога би можело да не се погреба. Зошто ако ја однесат! Ја знам дека мораат да ја однесат, не сум луд. Но, како тоа никого повторно да нема во куќава. Повторно само две соби и пак сам со својата тага. Ја измачив. Тоа е.

Што ќе ми се сега вашите закони, вашите обичаи, вашиот морал, живот, вашата држава, вашата вера. Мртва. Не слуша. Не знаеш ти со каков рај би те опколил. Луѓето на светот се сами. Тоа е несреќа. Има ли во полето некој жив, никој не се одзива. Велат дека Сонцето дава живот, но погледнете го. Зар не е мртовец? Се е мртво и насекаде има мртовци. Нејзините чевли.

Кога утре ќе ја однесат...Што ќе правам јас?“

Автор: Томислав Јелесијевиќ/ kultivisise.rs
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот