X
 10.05.2018 Култура

Голем успех за УКЛО на државниот ораторски натпревар

Студентите Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска-Митревска од Педагошкиот факултет од УКЛО се наградени со второ и трето место на Ораторскиот натпревар организиран по повод Денот на Европа - 9 Мај.

Tрадиционалнниот настан се одржа во рамките на Студентскиот собир што ги обединува студентите од сите универзитети во државата. Тие дебатираа и ги одмеруваа ораторските вештини на тема: „Мојата порака до Европа“.

oratorstvo

Ова значајно случување и дружење на студентите од Република Македонија годинава се одржаа на Американ колеџ, во организација на Европското движење во Република Македонија.

УКЛО првпат освојува две од вкупно три ораторски награди и во два наврата беше успешен домаќин на манифестацијата Собир на студентите од универзитетите во Република Македонија.

УКЛО и овој пат доби пофалби за сериозниот академски и организациски придонес како активен чинител на настан по повод Денот на Европа и за покажаната подготвеност да учествува на манифестации што ја обединуваат Европа, ги негуваат мирољубивоста и демократските вредности.

Вечерва во хотел „Мериот“ на завршната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Европа, меѓу другото, ќе бидат доделени и наградите за студентите, победници на Ораторскиот натпревар.

Студентите од УКЛО, Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска-Митревска од Педагошкиот факултет, ги споделија со читателите на Факултети.мк своите првични импресии:

Снежана Секуловска, Правен факултет, УКЛО, втора награда

Најпрво, задоволство е што имав можност да го претставувам мојот Правен факултет при УЛКО - Битола каде што е чест да се студира, а и целиот Универзитет на државниот натпревар. Имавме можност да се запознаеме со колегите од другите универзитети, да споделиме ставови, мислења на плодната дебата и, се разбира, да ја испратиме пораката до Европа.

За мене, најважно беше учеството. Второто место исто така е успех и за тоа беа пресудни детали во однос на вкусот на комисијата.

Сакам да им се заблагодарам на моите колеги од Правниот за подршката и најмногу на моите професорки Елена Тиловска-Кеџечи, Мирјана Ристовска и Ивона Шушак, кои максимално се вложуваат за ние, студентите, да бидеме најдобри.

Ирена Димовска-Митревска, Педагошки факултет УКЛО, трета награда


Уште од самото поаѓање и средбата со колегите пред зградата на Ректоратот, почувствувавме дека ова ќе биде убав ден. Тргнавме самоуверено, така што дури и попатниот разговор ја отсликуваше нашата желба за интелектуален напредок и успех.

Кога пристигнавме, нашите домаќини Американ колеџ срдечно нѐ пречекаа и веднаш бевме известени за распоредот на настаните. По пригодното добредојде и богатата и разнообразна дебата на студентите, продолживме со ораторскиот натпревар.

Одлично подготвени од страна на нашата менторка, доц. д-р Билјана Граматковски, ја освоивме говорницата со сигурност, логичност, аргументираност, но и со реални пораки полни надеж.

Нашите говори беа уважени од страна на комисијата и оценети со второ и трето место.

Беше прекрасно да се присуствува на еден ваков настан, а уште повеќе да се претставува нашиот Универзитет.

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура