X
 03.07.2018 Образование

Позитивни УКЛО-искуства - Ивана Калкова, студентка како дел од Еразмус + проектот

Мојот живот испишан во ново четиво. Оние што овозможија да се случи ова се секторот за Еразмус во Ректоратот на УКЛО и менторката проф. д-р Ристевска, на кои сум им благодарна за соработката. Моето Еразмус+ искуство претставуваше една универзитетска година во ,,Università degli studi di Foggia” - Фоџа, Италија. Во рамките на овој проект јас ги имав интегрирано теоретската настава, испитите и  практичната, клиничка пракса за физиотерапија. Суплемент и дополнување на целата оваа едукација беа и танинските вечери со вино, интернационално друштво и гурманска храна.


iskustva
,,Флавиев амфитеатар“ или Колосеум, изграден во 80 г. н.е., Рим

Физиотерапијата е благородна медицинска професија. Овде се негуваше наизменично невролошката етиологија со ортопедско-трауматската етиологија на болестите. За разлика од Македонија, каде што невролошките заболувања се потиснати на дното на списокот за третирање и рехабилитирање. Или подобро да кажам, секоја втора мајка на дете со ЦП е и негов физиотерапевт, мед. сестра и окупационен терапевт. Здравствениот систем тука беше зацврстен за да достави подобра грижа за луѓето со вакви проблеми. И беше моја чест да бидам активен учествувач во рехабилитирањето на неколку од нив.

Цела година помината на италјанска површина не може, а да не те научи да не уживаш во храната и кафето.

2
Уметнички изрезбан таван со скулптури кон патот за Систинската капела, Ватикан

Добрата храна е императив за Италијанците, чин кое трае 2 до 3 часа, само ручекот. Текот не смееше да се прекине, најпрво е аперитиво, ,,примо пиато“, ,,секондо пиато“, десерт и кафе. 

Мојот modus operandi е сменет во многу аспекти. Комуникацијата ја остварував на англиски и италјански јазик и на тој начин запознав луѓе од Централна Италија, Германија, Полска, Украина, Англија. На прашањето дали Италија ме има сменето, не би била избежна мојата афирмација. Те учи да љубиш и да ги сакаш секојдневните убавини. Едноставно луѓето те учат на тоа. Не би ме чудело да ме пречекаат на моето следно доаѓање со шише вино Nero di Troia во едната рака и тукушто зготвена карбонара во другата. Констатирам јавно и гласно дека никогаш не се почувствував како странец во оваа туѓа земја, иако патувањето го остварив сама.

3
Sassi di Matera, стариот дел на Матера се праисториски градби заштитени од УНЕСКО,
Јужна Италија

Италија остави вкус во мојата уста кој ќе трае перманентно, вкусот на кафето. Од моето враќање назад, потрошив доста пари и време да пронајдам сличен вкус. Нивната кафе-култура дава продуктивност на денот и изговор зошто да си земаш пауза, но трае помалку од 5 минути!

Тоа беше вистински стимул да го започнеш денот рано.

Искуството е незаборавно. Сите што ги запознав ќе лежат во мојот хипокампус (мозочна структура), а стекнатите физиотерепевтски техники ќе бидат дел од рехабилитацијата која сум спремна да ја укажам. Мои најискрени сугестии за сите студенти што ги исполнуваат условите за номинирање на проектот е да се пријават и да внесат промена во својот живот која би можела да ги дефинира како личности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование