Дописник за „Њујорк тајмс“ од Рим, Џејсон Хоровиц, наведува дека Италија успеала да ја контролира пандемијата благодарение на мешавината на мерки со цврст карантин на цела национална територија.
- Италија од глобална парохија се претвори во модел (иако несовршен) за тоа како се запира вирусот, одржувајќи му лекции на остатокот на светот, вклучувајќи ги и САД, каде вирусот во ниту еден момент не беше ставен во контрола, и сè уште беснее низ целата земја - пишува Хоровиц.
Според него, ова е успех на одличната работа што ја направи научно-техничкиот тим на владата, кој во соработка со локалните комитети, лекари и болници, секојдневно, врз основа на 20 индикатори, ја следел епидемиолошката состојба и брзо реагирал онаму каде вирусот се ширел.
Благодарение на тоа, Италија имаше неделна детална анализа на епидемиолошката ситуација, врз основа на која владата, во соработка со Институтот за здравство, ги донесуваше здравствените и политичките одлуки. Весникот ја поздравува одлуката на италијанската влада да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври, што ѝ овозможува брзо да реагира и да преземе мерки во случај вирусот повторно да се рашири.
Мерките преземени од италијанската влада ја чинea скапо економијата на земјата. Три месеци, бизнисите и рестораните беа затворени, движењето беше ограничено - дури и помеѓу регионите, градовите и улиците, а туризамот запре. Се очекува оваа година БДП да биде за 10 отсто помал.
Но, во одреден момент, како што вирусот се закануваше дека ќе се рашири неконтролирано, италијанските власти решија да ги стават животите пред економијата.
- Здравјето на италијанскиот народ секогаш бил и ќе биде на прво место - изјави премиерот Џузепе Конте.
Сега, италијанските власти се надеваат дека најлошото за оваа земја помина и дека сега земјата е безбедна да продолжи со нормалниот живот, иако има ограничувања. Тие веруваат дека за започнување на економијата, е да се контролира вирусот.
Стратегијата за затворање предизвика голем број критики. Експертите велеа дека поради преголемата претпазливост на владата, тие ја парализирале економија. Но, за Италија ова се покажа успешно отколку обидот да се отвори економијата додека вирусот сè уште беснее, како што се случува во земји како САД, Бразил и Мексико.
Првичната изолација на Италија од нејзините европски соседи на почетокот на кризата, кога маските и вентилаторите едвај пристигнуваа, всушност ѝ помогна на земјата, вели г-дин Гуера, експерт од Светската здравствена организација.
Фото: Freepik
- На почеток имаше еден вид на конкуренција, немаше соработка. Сите потврдија дека Италија беше оставена сама. Како резултат на тоа, она што земјата мораше да го направи затоа што беше сама, се покажа како поефикасно отколку другите земји - вели Гуера.
Италија најпрво ги стави под карантин градовите, а потоа и регионот Ломбардија и целиот полуостров и неговите острови, и покрај тоа што немаше многу заразени во поголемиот дел од централна и јужна Италија. За време на карантинот, движењето беше строго ограничено помеѓу регионите и градовите, а луѓето мораа да пополнат формулари за авто-сертификација за да докажат дека мораат да излезат надвор поради работа или други причини. Маските и правилата за социјално дистанцирање беа спроведени од некои регионални власти со строги казни, пишува „Њујорк Тајмс“.
Како што се ширеа сликите од празните улици и смртните случаи, брзината на пренесување на вирусот брзо се намалуваше, а кривата се израмнуваше наспроти другите европски земји.
Потоа земјата почна постепено да се отвора, проширувајќи ги слодобите во двонеделни интервали за да одговори на периодот на инкубација на вирусот. Карантинот го намали обемот на циркулација на вирусот. На крајот, циркулацијата на вирусот падна и во некои централни и јужни региони, воопшто немаше никакви ланци на пренос.
Сепак, голем дел од здравствените експерти велат дека вирусот и понатаму демнее, а како што владата ја разгледува новата уредба за повторно отворање на ноќните клубови, фестивалите и крстарењата, голем дел од нив предупредуваат дека земјата не треба да се опушти.
- Дури и ако ситуацијата е подобра во другите земји, треба да продолжиме со нашата претпазливост. Не можеме да ја исклучиме можноста Италија повторно да се соочи со епидемија во наредните неколку дена. Можеби е само прашање на време - вели д-р Реза од Националниот институт за здравство.
Aвтор: Џејсон Хоровиц
Извор:
New York Times