Насловена како „Крвава месечина“ (анг. Bloodmoon), серијата првпат беше најавена во 2018 година со дејство сместено 8.000 години пред настаните од серијата „Игра на троновите“. Пилотот на новата серија имал буџет од вртоглави 30 милиони долари (некои тврдат дека биле 35 милиони долари), а во главните улоги беа планирани Наоми Вотс и Џејми Кембел Бауер.
И покрај астрономскиот буџет, Ејч-би-о ја откажа серијата во 2019 година, а истовремено најави и нов спиноф наречен „Куќа на змејот“ кој треба да почне да се емитува на 21 август.
Главниот човек задолжен за содржина, Кејси Блојс, ги објаснува причините за откажувањето на серијата.
- На „Крвава месечина“ ѝ недостигаа иновации. Не дека серијата беше лоша, туку развивањето на пилотот не беше едноставно - вели Кејси.
„Не беше ужасна, но...“
- Серијата не беше ужасна, ниту нешто што не би можело да се гледа. Беше многу добро продуцирана и изгледаше феноменално, но кај мене не предизвика иста реакција како оригиналот. Немаше длабочина, ниту раскош како што имаше пилотот на изворната серија - вели поранешниот претседател на компанијата „Ворнер медија“.
Дејството на новата серија „Куќа на змејот“ е сместено 200 години пред настаните во „Игра на троновите“. Серијата е базирана на романот „Оган и крв“ од Џорџ Р. Р. Мартин и го следи семејството Таргариен за време на граѓанската војна наречена „Танц на змејовите“.
Покрај тоа, Ејч-би-о подготвува уште три играни и една анимирана серија.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube