X
 10.06.2018 Живот

Долгорочна прогноза за Македонија: Температурите може да се зголемат за пет степени

До крајот на векот зголемувањето на температурите на овие простори би можело да надмине пет степени Целзиусови, што би можело да има многу тешки последици по здравјето на луѓето, безбедноста и квалитетот на животот. Ова е заклучок од студијата за климатските промени на подрачјето на Западен Балкан, објавена од страна на Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Во многу блиска иднина се очекува просечната температура да се зголеми за 1,2 степени Целзиусови, а зголемувањето со текот на годините ќе биде константно.

Податоците се алармантни, прогнозите за иднината прилично црни, а во студијата се наведени и подрачјата кои најтешко ќе бидат погодени од климатските промени.

На првото место е земјоделието, а се очекува намалување на квалитетот на храната, ерозија и слично.

Потоа следи шумарството, каде постои голем ризик од уништување на шумите на големи подрачја и исчезнување на постоечки видови дрвја и билки.

На удар, секако, ќе бидат и водните ресурси, па нѐ очекува и недостаток од вода за пиење.

Фото: 100posto.hr

Во однос на здравјето на луѓето, се очекува дека ќе има сѐ повеќе топлотни удари и продирање на нови заразни болести.

Во студијата се наведува дека на подрачјето на Западен Балкан се очекува напредување на суптропската клима на север, при што крајбрежните и јужните делови ќе бидат многу топли и суви во текот на летниот период, чие траење ќе се продолжи за еден до два месеца, што може да се случи во блиска иднина, а секако до крајот на векот.

РЦЦ објави и истражување на јавното мислење, според кое дури 73 отсто од луѓето во регионот сметаат дека климатските промени се проблем.

На интензиетот на климатските промени би можел да влијае глобалниот труд во намалувањето на емисиите на штетните гасови и ефекти на стаклена градина и затоа е многу важно државите да го почитуваат Парискиот договор за климата и што повеќе да ги користат обновливите извори на енергија.

Тука можете да го најдете целиот извештај.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот