X
 21.11.2019 Живот

Брегу: За седум години во ЕУ емигрирале четвртина од жителите на Западен Балкан

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, денеска изјави дека над пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале во ЕУ во изминатите седум години. Таа нагласи дека тие демографски трендови се најдобриот показател за реалните потреби на граѓаните.

- Европа и Западен Балкан се менуваат демографски, честопати во однос на земјите на поаѓање и крајна дестинација, со оглед дека само во 2018 година речиси 230.000 граѓани мигрирале легално во ЕУ, а во изминатите седум години повеќе од пет милиони граѓани – или една четвртина од реалното население - потенцира Брегу.

Според неа, тие бројки се уште повисоки кога станува збор за младите, иако 61 процент од младите ја поддржуваат интеграцијата на регионот во ЕУ, тие не губат време.

Брегу наведе податоци од Балканскиот барометар, според кој 35 проценти од младите во регионот се невработени, двојно се зголемила стапката на невработеност од онаа во ЕУ, додека 62 проценти сакаат да заминат во странство и да работат.

Според неа, тоа се алармантни бројки за регионот.

- Тие, сепак, зборуваат за де факто демографска европеизација на населението во регионот - рече таа на почетокот на панел на тема „Западен Балкан и ЕУ: Заеднички предизвици и споделени одговорности“, што таа го модерира како дел од годишниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) во 2019 година, кој се одржува вчера и денеска во Загреб.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот