X
 29.11.2017 Живот

Зошто се будите пред ѕвонењето на алармот?

Сигурно се имате сретнато со поимот циркаден ритам.

Циркадниот ритам ви дава енергија наутро и предизвикува поспаност навечер.

Тоа е всушност вашиот 24-часовен внатрешен часовник што е контролиран од страна на дел од хипоталамусот во вашиот мозок, наречен супрахијазмитско јадро. Овој внатрешен часовник ја обожава рутината.

Ако одите во кревет и се будите во исто време секоја вечер, вашето тело ќе се навикне на тоа однесување. Вашиот циклус на спиење исто така е регулиран од страна на одредени протеини, чии нивоа се зголемуваат и паѓаат во текот на денот, а влијаат врз крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Исто така, тие влијаат и врз вашето внимание и когнитивната способност. Ако ја следите рутината, тогаш вашето тело учи кога да ги зголемува нивоата на овие протеини тогаш кога треба да ѕвони вашиот аларм.

Тие ќе почнат да се зголемуваат еден час пред да се разбудите, во пресрет на вашето будење. Оттука, понекогаш се будите пред вашиот аларм, доколку сте организирани во спиењето.

Но ако спиете и подолго од периодот кога треба да ѕвони вашиот аларм, тоа значи дека веројатно немате доволно сон или дека не спиете редовно и немате редовен распоред за спиење.

Будењето во различен период од утрото може да го исфрли од колосек вашиот внатрешен ритам. Затоа, добро би било за викенди да се будите во истиот период како и во текот на работната недела. Така ќе се чувствувате поконзистентни и одморени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот