X
 10.07.2018 Наука

Грешиме во врска со еволуцијата - ова 6-минутно видео ќе ви објасни како всушност функционира

Ако сте љубител на науката, постои едно прашање што сигурно сте си го поставиле или ви го поставиле барем еднаш: „Ако сме еволуирале од мајмуни, тогаш зошто сѐ уште постојат мајмуни?“

Повеќето луѓе би паузирале пред да ги изложат фактите за природна селекција, заеднички предци и тоа дека секој вид се приспособува на својот уникатен екосистем.

Иако ова главно е точно, не е целосно точно.

Всушност, повеќето од вас грешат во врска со еволуцијата, вели Прозанта Чакрабарти, вонреден професор по ицитологија, еволуција и систематика на Државниот универзитет во Луизијана.

Тој се обиде да ги негира неколкуте митови и заблуди во врска со еволуцијата. Тој сето тоа го објаснува во неговиот брилијантен ТЕД-говор: Четири милијарди години еволуција во шест минути.

Кога ќе го слушнете, вашата перцепција на нашето место на дрвото на животот целосно ќе се промени.

Сите ја знаеме теоријата за природна селекција на Дарвин: процесот со кој организмите што најдобро се вклопуваат во животната средина успеваат да преживеат и да се репродуцираат, додека оние што се помалку способни постепено ќе умрат.

Всушност, тоа е тоа. Еволуцијата е толку едноставна.

Меѓутоа, постои и нешто друго. Биологијата нѐ учи дека човекот се наоѓа на крајот на еволутивното дрво. Знаеме дека растенијата и бактериите се примитивни нешта. Првите 'рбетници биле рибите и тие довеле до водоземци. На крајот, некои водоземци станале рептили, а некои од нив станале цицачи и на крајот дошле луѓето.

Погледнете го целиот ТЕД-говор на Чакрабарти и откријте ја неговата теорија.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука