Ибица обезбедува бесплатен одмор за здравствените работници од цела Европа. Оваа иницијатива е покрената од организацијата „Заедно за здравствените херои“, која е финансиски поддржана од советот за туризам на Ибица.
Во рамките на иницијативата сите здравствени работници од Европа ќе добијат бесплатно
сместување во период од една недела на Ибица во април, мај или октомври 2021.
- Денес ја водиме промената со славење и наградување на оние што на прво место ги ставија нашите заедници, семејства и пријатели за време на ширењето на Ковид-19. Им се заблагодаруваме на оние на кои им ги доверивме нашите животи подарувајќи им ги нашите домови и хотели во Ибица и низ Европа - пишуваат од организацијата.
Фото: Ибица/Pixabay
За да аплицираат за бесплатниот престој, здравствените работници треба да се пријават за да добиваат електронски известувања за да го следат процесот на номинирање. Оттаму, тие ќе може да пополнат процес за верификација со кој ќе докажат дека работат во здравствениот сектор.
Над 60 хотели во Ибица се вклучиле во програмата и се подготвени да го понудат бесплатното сместување. Тука се наоѓаат и хотели со 5 ѕвезди и луксузни одморалишта. На здравствените работници ќе им биде дозволено да го донесат и семејството, чии членови треба да го покријат само хотелскиот престој.
Фото: Ибица/Pixabay
Организаторите се надеваат дека програмата ќе се прошири и на други дестинации. Некои авионски агенции претставија слични иницијативи за здравствените работници. „Туркиш ерлајнс“ им нуди попуст од 40% на летовите на сите здравствени работници низ светот. Други агенции, како „Џетблу“, „Американ ерлајнс“ и „Катар ервејс“, нудат бесплатни билети за здравствените работници.
Автор: Кејли Рицо
Извор:
foodandwine.com