Да се види ѕвезда веднаш по нејзината експлозија додека се претвора во супернова е екстремно ретко. За среќа, истражувачи кои ги анализирале фотографиите направени со вселенскиот телескоп „Хабл“ од 2010 година откриле фотографија од ѕвезда што експлодира. Се проценува дека експлозијата се случила пред околу 11 милијарди години.
- Многу е ретко да се забележи супернова во многу рана фаза бидејќи таа фаза е многу кратка - објасни Венлеи Чен, главен автор на истражување за откритието.
Како што посочи Чен, експлозијата трае со часови или најмногу денови и може да не се забележи. Далечната супернова била откриена благодарение на феноменот наречен гравитациско искривување, што се јавува кога гравитацијата во една галаксија ја искривува и ја зголемува светлината зад неа.
Со тоа, телескопите може да забележуваат далечни тела кои инаку би биле многу бледи. Овој ефект резултирал во повеќе фотографии од суперновата направени во различни временски периоди.
Научниците проценуваат дека ѕвездата е 500 пати поголема од Сонцето.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија:
NASA