X
 12.05.2018 Здравје

Стареењето не е само надворешно - проверете со овој тест

Дали знаевте дека две од пет жени во светот имаат срце што е и до пет години постаро од другите делови на телото?

Овој податок би требало да ве поттикне да размислите за здравјето на најважниот мускул во вашето тело. Ако сакате да знаете колку е старо вашето срце, направете го овој краток тест.

Стареењето е дел од природниот процес, а првите знаци ги гледаме на лицето, телото и кожата и тоа во облик на брчки и бели влакна. Но, стареењето се случува и во нашиот организам, а некогаш може и да нѐ изненади.

Имено, истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажа дека две од пет жени имаат срце што е дури пет години постаро од другите делови на телото. Таканаречениот синдром на старо срце се однесува на неговото здравје и работа, што може да биде показател на можни идни болести.

Фото: Pixabay

Ако сакате да пресметате колку е старо вашето срце, тестирајте се со помош на овој калкулатор.

Во калкулаторот треба да внесете податоци за вашата возраст, крвниот притисок, БМИ индексот на телесната маса, состојбата на шеќерот во крвта и дали сте пушач.

Резултатот би требало да ја открие состојбата на вашето срце, но и процентот на ризик од  срцеви болести во идните десет години. Дознајте го и најважното правило што помага при неправилната работа на срцето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје