X
 28.06.2019 Економија

Богатите Америкaнци се под стрес зашто немаат кога да ги трошат парите

Оние луѓе што заработуваат повеќе и работат повеќе бидејќи чувствуваат притисок да заработат и да трошат пари, додека оние што заработуваат помалку чувствуваат помал притисок поради работата, смета економистот Даниел Хамермеш.

Во просек Американците имаат повеќе пари отколку што имале пред 50 години, вели Хамермеш, но тие ги имаат истите 24 часа во денот за да ги потрошат парите. Медијаната на приходите на домаќинствата во последните 50 години е зголемена, но времето што го поминуваме спиејќи и јадејќи не е многу променето.

- Нашите мотиви нè поттикнуваат различно да ги правиме нештата. Сумата на приходи што ги имаме, кои се разликуваат кај сите луѓе, нè наведува различно да го трошиме времето, кое сите го имаме во различна мера - вели Хамермеш.

Освен тоа што немаат многу слободно време, во САД нема ни мерки за намалување на работните часови или нешто слично. Дури и во Јапонија, каде што луѓе умираат од премногу работа, создаде национални празници и ги охрабри компаниите да им дозволуваат на вработените да си одат порано во петок. Но, САД се единствената напредна економија што нема федерална политика на платен одмор.

Оние што заработуваат повеќе имаат повеќе опции за трошење на нивните пари во споредба со оние што заработуваат помалку, па ако имате многу пари, може и да се нервирате за тоа како да ги потрошите.

Кога на крајот ќе добијат слободно време, Американците што заработуваат повеќе имаат толку голема заштеда, што имаат желба да ја потрошат на работи што чинат многу. Богатите луѓе ги инвестираат нивните пари помалку во дизајнерски парчиња, а повеќе во луксузен начин на живот, како што се мултимилионски одмори, ексклузивни хотели итн.

Затоа оние што заработуваат повеќе се под стрес - зашто чувствуваат како да немаат доволно време за скапите активности кои мислат дека им се потребни.

Од друга страна, оние што заработуваат помалку не чувствуваат таков притисок. Хамермеш истакнува дека утврдил оти оние што заработуваат помалку трошеле повеќе време гледајќи телевизија и спиејќи за разлика од оние што заработуваат повеќе.

Додека оние што заработуваат помалку не се под стрес за времето кое го минуваат работејќи или релаксирајќи се, тие се под стрес за нивните приходи. Американската психолошка асоцијација во 2014 година утврди дека јазот меѓу богатите и сиромашните во однос на стресот во последните години е зголемен.

- Не сочувствувам со богатиот кој вели дека е под стрес. Тој може да избере да работи помалку, да го даде приходот и нема да има недостиг на време. Од друга страна, лицето со мали приходи едноставно не живее многу добро. За мене тоа е многу поважно - вели Хамермеш
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија