X
 10.08.2018 Живот

Непријатни ситуации што ги немало пред 30 години

Некои незгодни ситуации во кои можеме да се најдеме во денешно време претходните генерации не би можеле ни да ги замислат.

Помислете на лајкнувањето фотографија споделена на „Инстаграм“ пред пет години, со што станува јасно дека „демнете“ некого на социјалните мрежи.

Дајан Готсман, експерт по бонтон, овие ситуации ги нарекува „oh well moments“. Еве неколку сценарија во кои би можеле да бидете посрамени, а кои може да се случат само во современиот свет.

Наместо да збеснете, Готсман препорачува секое вакво искуство да биде лекција за да знаете како да не се однесувате во иднина.

Ваш вработен кажа дека е болен, но на „Инстаграм“ сподели фотографија од одмор на плажа


Алисон Грин, која го води блогот „Прашај менаџер“ (Ask a Manager), смета дека во вакви ситуации повеќе станува збор за тоа дали му верувате на вработениот, а помалку за боледувањето што го зел.

Фото: Business Insider

Таа препорачува да кажете нешто во овој стил: „Забележав дека неколку пати кога беше на боледување, постираше фотографии на социјалните мрежи од кои се добиваше впечаток дека правиш нешто друго тој ден. Сигурен сум дека не е така. Сфаќам дека луѓето споделуваат фотографии цело време кои не биле направени истиот ден, а што е поважно, ти верувам. Но, помладите вработени, кои се поврзани со тебе на социјалните мрежи и кои мора да те покриваат на работа додека си отсутен, исто така ги гледаат фотографиите и тие можеби немаат таква претстава“.

Сакате да го ажурирате профилот на „Линкдин“ за да барате нова работа

Според Мајкл Ландо од „Гласдор“, доколку вашиот шеф се вознемири поради ажурирањето на профилот, веројатно не работите за некој што сака да успеете. Тој советува да бидете транспарентни ако сте загрижени дека вашиот шеф би можел да се посомнева.

Ландо советува да му испратите порака со приближно ваква содржина: „Го разгледував мојот профил и забележав дека има многу проекти и одговорности што не сум ги вклучил и затоа во текот на следните неколку дена ќе додавам дополнителни информации“.

Ве означија на фотографија на забава кај пријател, а требаше да бидете на друго место

За да не ви се случуваат вакви нешта, треба да научите како да одбивате покани. Заблагодарете се и едноставно кажете „не“, советуваат експертите. Така ќе има помала веројатност да се најдете во непријатна ситуација.

Автокоректорот ви смени збор во пораката во нешто недолично

Ова им се случува на сите. Примателот на пораката веројатно ќе разбере, но ако не сакате да се најдете во ваква ситуација, имате неколку опции. Една од нив е целосно да го исклучите автоматското коригирање.

Фото: Business Insider

Случајно лајкнавте нечија стара фотографија на „Инстаграм“

Ова можеби е знак дека треба да прекинете да „демнете“ луѓе на социјалните мрежи. Ако станува збор за поранешен партнер или партнерка, поставете си цел еден ден да не го посетувате профилот и полека продолжувајте го времето.  
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот