X
 09.01.2022 Образование

Најпопуларните курсеви што сакаат да ги слушаат директорите

Директорите и менаџерите имаат различно секојдневие денес во споредба со периодот пред пандемијата. Промените предизвикани од пандемијата ги поттикнуваат лидерите да се усовршуваат.

Податоци од „Линкдин“ покажуваат дека тие се заинтересирани да учат „меки вештини“. Листата со 5 најпопуларни курсеви на „Линкдин“ помеѓу директорите е дадена во продолжение.

1. „Присуство на директори на видеоповици“ со Џесика Чен
2. „Како стратешкото размислување да ви стане навика“ со Дори Кларк
3. „Гај Кавасаки за претворање на животните мудрости во бизнис“ со Гај Кавасаки
4. „Вештини за менторство за лидери и менаџери“ со Сара Канадеј
5. „Вештини за инклузивни разговори“ со Мери-Френсис Винтерс

Подолу на листата со најпопуларни курсеви помеѓу лидерите се наоѓаат и курсеви за водење тим, комуникација, паметно работење и продуктивност.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование