X
 06.09.2020 Образование

Најпопуларните курсеви на „Линкдин“ покажуваат како пандемијата го менува професионалниот свет

Пандемијата на коронавирусот драматично го менува начинот на кој учиме. Многу училишта и факултети низ светот имаат настава само преку интернет, а многу невработени лица се обидуваат да научат нови вештини онлајн. Поради тоа, се забележува пораст во побарувачката на онлајн-курсеви.

Според социјалната мрежа „Линкдин“, корисниците потрошиле трипати повеќе часови следејќи курсеви на „Линкин лрнинг“, платформата за учење на мрежата (која чини 29,99 долари месечно) во јули годинава во споредба со јули минатата година.


Фото: Freepik

Онлајн-курсевите со години се гледаат како алатка за добивање вештини, но листата со најпопуларни курсеви на „Линкдин“ годинава вклучува и курсеви за управување со времето и работа од далечина. Според Морди Голдинг, директор за стратегија за содржина на „Линкдин лрнинг“, зголемениот интерес за овие теми ја покажува желбата на професионалците да се поврзат со другите додека се приспособуваат на новиот професионален свет.

Денешната работна сила го користи учењето за да го олесни преминот на новото нормално, па не е изненадување тоа што курсевите како „Управување со времето: работа од дома“ и „Основи на работата од далечина“ се популарни, вели тој. Интересот за технолошките вештини како „Пајтон“ и „Ексел“ останува голем, но бројот на луѓе што учат таканаречени „меки вештини“ двојно се зголемил во споредба со минатата година.


Фото: Freepik

Најпопуларни онлајн-курсеви во 2020 на „Линкдин лрнинг“

1. „Управување со времето: работа од дома
2. „Стратешко размислување
3. „Основи на работата од далечина
4. „Учење 'Пајтон'
5. „Развивање на емоционалната интелигенција
6. „Основна обука за 'Ексел 2016'
7. „Основна обука за 'Ексел' (Офис 365)
8. „Комуницирање со самодоверба
9. „Подготовка за сертификат: Професионалец за управување на проекти (ПМП)
10. „Основи на управување со проекти
11. „Критичко размислување
12. „Курс за лично брендирање
13. „Интерперсонална комуникација
14. „Основи на комуникација
15. „Подобрување на вештините за слушање
16. „Основна обука за 'Мајкрософт тимс'
17. „Основи на управување со време
18. „Основна обука за 'Пајтон'
19. „'Ексел': Совети и трикови
20. „Основи на онлајн-маркетинг

Автор: Абигејл Хес
Извор: cnbc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование