Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара овчари кои ќе бидат чесно платени за да чуваат редок вид шкотски овци - оркни.
Се бараат искусни овчари кои ќе се грижат овците да останат во стадото, да ја јадат само планираната храна што можат да ја сварат, да бидат на сигурни локации и оддалечени од блиските гребени.
Овчарите ќе бидат задолжени и да внимаваат на ѕидот кој го разделува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за целиот остров. А поради тоа што ѕидот е стар, овчарот ќе треба и да го поправа. Се работи 35 часа неделно, а платата е 24.473
евра.
Кога ќе ја прифати работата, овчарот ќе мора да се согласи да остане три години во работен однос за ѕидот целосно да се поправи, а бројот на овци да се зголеми.
Тука можете да се информирате за аплицирањето.