Украинскиот фотограф Станислав Сеник направил серија фотографии од млади украински матуранти што позирале меѓу урнатините на својата земја.
На фотографиите се прикажани студенти како седат среде урнатини и позираат пред бомбардирани згради.
- Овие фотографии се историја. Луѓето сметаат дека сите овие лоши работи што се случија сега се во минатото, а матурантите му покажуваат на светот дека токму ова се случуваше. Но, овие ученици стануваат посилни. Имале лоши искуства и сега го продолжуваат својот живот - вели Сеник.
Тој смета дека е важно фотографирањето на околу 40 матуранти од училиштата во Чернигов откако од прва рака беа сведоци на ужасите на војната, која трае веќе четири месеци.
- Сигурен сум дека сето ова е важно да се документира. За 10 до 15 години, кога ќе имаат свои деца, ќе можат да им ги покажат овие фотографии - додава тој.
Една од ученичките, 17-годишната Олха Бабинетс, вели дека уживала во фотосесијата иако тоа искуство било тешко за сите.
- Сакавме да покажеме дека живееме во таква реалност и сакавме другите да видат како ни е нам. Но, сакавме да ја покажеме и нашата болка, која ја има и не стивнува. Беше многу емотивно, но се обидовме да издржиме. И мислам дека успеавме во тоа - вели таа.
Фотографиите ќе бидат дел од дипломскиот албум на матурантите. Но, фотографот сака да најде и изложбен простор за да ги прикаже и продаде фотографиите, а собраните пари да ги донира за украинските војници.
Фотографиите се направени во градот Чернигов, северно од Киев, блиску до границата со Белорусија. Градот беше назначен за град-херој за време на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Опсадата на Чернигов почна на 24 февруари, но напаѓачите не успеаја да го освојат градот, па одлучија да го заобиколат преку алтернативен пат до Киев.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Stanislav Senyk/