X
 25.08.2020 Живот

Изграден мост над најубавите водопади во Норвешка

Постои уште едно место што треба да го додадете на вашата листа со места за фотографирање во Норвешка: мостот Верингсфосен.

Неодамна отворениот мост се наоѓа над драматичниот 160-метарски водопад, овозможувајќи им на посетителите да се чувствуваат како да лебдат високо над идиличната долина Мобедален.

most

Архитектот Карл-Виго Хулмбак работел на овој проект повеќе од една деценија. Целта му била да го спои природното со вештачкото.

Според овие фотографии, се чини дека успеал во тоа. Од некои агли мостот изгледа речиси како џиновски инсект кој преминува над вода.

3

4

Тимот на Хулмбак почнал да работи на мостот во 2015 година и морал да побара хеликоптери за да му помогнат во изградбата поради непристапниот терен. Мостот има 99 скалила и е дел од поголем проект што на крајот ќе вклучува и патека и кафе.

most

Лоциран помеѓу Осло и Берген, се верува дека мостот бил омилено место на норвешкиот композитор Едвард Григ. Мостот се наоѓа и меѓу прекрасна патека на околу 20-минутно возење од Ајдфјорд, село што овозможува одлична база за истражување на норвешките фјордови, водопади и национални паркови.

Извор: Travelandleisure.com
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот