Анонимни хакери влегле во веб-страницата на локалните власти во еден руски град со цел да лансираат лажна наградна игра во која на учесниците им се доделувале биткоини.
Целта на хакерите била веб-страницата на претставници на локалната власт во рускиот град Рјазањ. Хакерите го нарекле проектот „онлајн-лотарија на Рјазањ“ и првично тврделе дека нудат 0,025 биткоини за секој посетител што ќе ја инсталира нивната апликација на својот уред.
Понудата подоцна била ревидирана, наведувајќи дека 1.000 долари во биткоини ќе бидат испратени на сметките на пет случајно избрани луѓе. Но, тоа не се случило.
Фото: Chainalysis
Измамите со криптовалути не се невообичаени во Европа, а податоците од познатата аналитичка компанија „Чејнаналисис“ откриваат дека најчести се во Африка, а веднаш зад неа е Источна Европа.